Bosch LR 7 Professional Notice Originale page 184

Cellule de réception
Masquer les pouces Voir aussi pour LR 7 Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 23
184 | Македонски
– со LED-светилките за „движење надолу" (9), „движење нагоре" (11) одн.
средината (16) на задната страна на мерниот уред,
– опционално со сигнален тон (види „Сигнален тон за приказ на ласерскиот зрак",
Страница 184).
Мерниот уред е поставен прениско: Доколку ласерскиот зрак ја преминува
горната половина на полето за прием (5), тогаш светат приказите за правец (d) на
екранот и соодветните LED-светилки (11).
Доколку сигналниот тон е вклучен, се слуша сигнал со повисока фреквенција.
Движете го мерниот уред во правец на стрелката нагоре.
Мерниот уред е поставен високо: Доколку ласерскиот зрак ја преминува долната
половина на полето за прием (5), тогаш светат приказите за правец (b) на екранот и
соодветните LED-светилки (9).
Доколку сигналниот тон е вклучен, се слуша сигнал со пониска фреквенција.
Движете го мерниот уред во правец на стрелката надолу.
Мерниот уред е на средина: Доколку ласерскиот зрак поминува низ полето за
прием (5) на висина на средишната ознака (10), тогаш светат средишната ознака
(c) на екранот и соодветните средни LED-светилки (16).
При вклучен сигнален тон се слуша непрекинат тон.
Сигнален тон за приказ на ласерскиот зрак
Позицијата на ласерскиот зрак на полето за прием (5) се прикажува со сигнален
тон.
По вклучување на мерниот уред, сигналниот тон е секогаш поставен на средна
гласност.
Можете да ја зголемите гласноста или да го исклучите сигналниот тон.
За менување одн. исклучување на сигналниот тон, притискајте на копчето Сигнален
тон (4), додека на екранот не се прикаже посакуваната јачина. При пониска
гласност, приказот за сигнален тон (g) се појавува на екранот со една црта, при
повисока гласност со три црти, а при исклучен сигнален тон се губи.
Независно од поставката за сигнален тон, при секое притискање на копчето на
мерниот уред се слуша краток тон со ниска гласност за потврда.
Задно осветлување
Задното осветлување на приказот се вклучува со полна јачина, кога се вклучува
мерниот уред. Ако за 2 min не се препознае ниту еден ласерски зрак и нема никаков
внес од корисникот, тогаш се намалува задното осветлување за 50 %.
Можете да го исклучите задното осветлување. За тоа притиснете на копчињата за
подесување на точноста при мерење (2) и сигнален тон (4) истовремено за
најмалку 2 s.
1 609 92A 4CS | (25.05.2018)
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

3 601 k69 j série

Table des Matières