Bosch GTS 10 XC Professional Notice Originale page 381

Masquer les pouces Voir aussi pour GTS 10 XC Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 48
– Притиснете го делот што се обработува со едната рака
на профилната шина (34) и со другата рака полека
притиснете го аголниот граничник на копчето за
фиксирање (65) нанапред во водечкиот жлеб (9).
– Исклучете го електричниот алат и почекајте додека
сечилото за пила не дојде целосно во состојба на
мирување.
Сечење на хоризонтални агли на закосување со
фиксирани подвижни лизгачи
– Поставете го саканиот хоризонтален агол на
закосување на аголниот граничник (3).
– Аголниот граничник (3) мора слободно да се движи во
водечкиот жлеб (9) (лево или десно). По потреба
олабавете ја завртката со нарецкана глава (54).
– Следете ги работните чекори според: (види „Сечење
на прави резови", Страница 380)
Сечење на хоризонтални агли на закосување со
помош на подвижните лизгачи
– Поставете го саканиот хоризонтален агол на
закосување на аголниот граничник (3).
– Повлечете ја затезната дршка (29) за подвижните
лизгачи целосно нагоре и повлечете ги подвижните
лизгачи (2) нанапред.
– Поставете го делот што се обработува на масата за
сечење пред заштитниот поклопец (6).
– Позиционирајте го аголниот граничник (3) пред делот
за обработка во левиот водечки жлеб (9). Фиксирајте
ја оваа позиција, така што цврсто ќе ја затегнете
завртката со нарецкана глава (54).
– Следете ги работните чекори според: (види „Сечење
на прави резови", Страница 380)
Проверка и подесување на основните
поставки
За гарантирање на прецизни резови мора да ги
проверите основните поставки по интензивно користење
на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води
прецизно и доверливо.
Подесување на вертикалните граничници за
стандарден агол на закосување 0°/45°
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Поставете еден вертикален агол на закосување на
сечилото за пила од 0°.
– Отстранете го заштитниот поклопец (6).
Проверка (види слика M1)
– Поставете го аголното мерило на 90° и ставете го на
масата за сечење (17).
Кракот на аголното мерило мора да биде прецизен по
целата должина со сечилото за пила (33).
Bosch Power Tools
Подесување (види слика M2)
– Олабавете ја завртката (71). На тој начин ќе може да
се помести 0°-граничникот (28).
– Олабавете го лостот за блокада (26).
– Поместувајте го рачното тркало (19) кон 0°-
граничникот, додека кракот на аголното мерило не
биде рамен по целата должина на сечилото за пила.
– Држете го рачното тркало во оваа позиција и повторно
затегнете го лостот за блокада (26).
– Повторно затегнете ја завртката (71).
Доколку по подесувањето агломерот (64) не е во линија
со 0°-ознаката на скалата (27), олабавете ја завртката
(72) со обичен крстест одвртувач и насочете го
агломерот по должина на 0°-ознаката.
Повторете ги горенаведените работни чекори соодветно
за вертикален агол на закосување од 45° (олабавете ја
завртката (73); поместете го 45°-граничникот (25)).
Притоа агломерот (64) не смее повторно да се
поместува.
Паралелност на сечилото за пила со водечките
жлебови на аголниот граничник (види слика N)
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Отстранете го заштитниот поклопец (6).
Проверка
– Со молив означете го првиот лев забец на пилата,
којшто може да се види одзади над додатокот за маса.
– Поставете го аголното мерило на 90° и наместете го на
работ на водечкиот жлеб (9).
– Поместувајте го кракот на аголното мерило додека не
ги допре означените запци на пилата и прочитајте го
растојанието помеѓу сечилото за пила и водечкиот
жлеб.
– Вртете го сечилото за пила додека означениот забец
не застане однапред над додатокот за маса.
– Поместувајте го аголното мерило по должина на
водечкиот жлеб до означениот забец на пилата.
– Повторно измерете го растојанието меѓу сечилото за
пила и водечкиот жлеб.
Двете измерени растојанија мора да бидат идентични.
Подесување
– Олабавете ги завртките со внатрешна шестаголна
глава (74) напред под масата за сечење и завртките со
внатрешна шестаголна глава (75) назад под масата за
сечење со испорачаниот клуч со внатрешна
шестаголна глава (37).
– Внимателно движете го сечилото за пила додека не
дојде паралелно со водечкиот жлеб (9).
– Повторно затегнете ги сите завртки (74) и (75).
Подесување на показателот на растојание на масата
за сечење (види слика O)
– Позиционирајте го паралелниот граничник десно од
сечилото за пила.
Поместувајте го паралелниот граничник додека
ознаката на лупата (68) не покаже на долната скала 33
cm.
Македонски | 381
1 609 92A 5B8 | (15.07.2019)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières