200 | Македонски
Волуменски проток:
Вакуум најмалку:
За прицврстување со вакуум, подлогата мора да биде
мазна и рамна. Поставување на малтер или ѕидни
конструкции не е дозволено.
Откако ќе ја воспоставите вакуумската врска, поставете
ги завртките за нивелирање (22) на подлогата, за да
може сталакот за дупчење цврсто да се постави и малку
да се отпушти прстенот за дихтување. Инаку сталакот за
дупчалка нема добро да се прицврсти на прстенот за
дихтување.
Прочитајте ги упатствата за користење пред да ги
приклучите вакуум пумпата и Bosch сетот за
вакуумирање.
Неопходно е да внимавате на безбедносните и
u
работните напомени за вакуум пумпата и Bosch
сетот за вакуумирање!
Нивелирање (не важи при прицврстување со вакуум)
Завртете ги одн. одвртете ги завртките за
нивелирање (22) поединечно, додека прецизно не се
израмни либелата (3) на електричниот алат (при
вертикална монтажа) одн. либелата (4) на електричниот
алат (при хоризонтална монтажа).
Сега прицврстете го сталакот за дупчалка со типлата.
Ставање/менување на крунестата бургија
Пред да почнете со работа со сталакот за дупчалка
u
или дупчалката, во работните паузи, како и во
периодот кога не го употребувате сталакот за
дупчалка, прицврстете го со затегнување на
сопирачката за фиксирање заради заштита од
ненамерно движење.
Избирање на крунеста бургија
Крунестите бургии од Bosch се означени со боја:
– Крунести бургии за мокро дупчење: сино
– Крунести бургии за суво дупчење: светлосива
Ставање на крунестата бургија
Пред да ги употребите, проверете ги крунестите
u
бургии. Користете само беспрекорни крунести
бургии. Оштетените или деформираните круни за
дупчење може да доведат до опасни ситуации.
Пред да ја ставите, исчистете ја крунестата бургија.
Подмачкајте го малку навојот на крунестата бургија или
испрскајте го со средство за заштита од корозија.
Навртете 1 1/4"-UNC-крунеста бургија (8) на вретеното
за дупчење (7).
Проверете дали е крунестата бургија е цврсто
u
вметната. Доколку круните за дупчење се погрешно
или не се сигурно зацврстени, може да се олабават за
време на работењето и да предизвикаат опасност.
Вадење на крунестата бургија
При менувањето на крунестата бургија носете
u
заштитни ракавици. При подолготрајна употреба,
круната за дупчење може да се вжешти.
1 609 92A 4NJ | (03.04.2019)
3
Олабавете ја крунестата бургија (8) со вилушкаст клуч
6 m
/h
(ширина на клучот 41 mm). Притоа, со друг вилушкаст
80 % (−800 mbar)
клуч (ширина на клучот 32 mm) држете го вториот раб на
вретеното за дупчење (7) во спротивен правец.
Приклучување на систем за ладење на вода/
всисување на прав
Доколку крунестите бургии за мокро/суво дупчење не се
ладат доволно за време на дупчењето, дијамантските
сегменти може да се оштетат, или крунестата бургија
може да се блокира во дупката. Затоа, при мокро
дупчење овозможете доволно ладење на водата, а при
суво дупчење функционално всисување на прав.
При зголемување на постоечката дупка, таа мора
внимателно да се затвори, за да се овозможи
беспрекорно ладење на крунестата бургија.
Приклучените црева, запорните вентили или
u
опрема не смеат да го попречуваат процесот на
дупчење.
Приклучување на систем за ладење на вода
Поставете го адаптерот за приклучокот за вода (12) на
канџестата спојка (6) и свртете го до крај во правец на
стрелките на часовникот.
Затворете ја запорната славина за вода (10). Приклучете
цевка за довод на вода на приклучниот елемент на
славината (11). Приклучувањето на цевката за довод на
вода е возможно од мобилен сад за вода под притисок
(опрема) или од стационарен приклучок за вода.
За да ја соберете водата што излегува од дупката при
мокро дупчење, употребете прстен за собирање на вода
и всисувач за мокро/суво всисување (двете ќе ги најдете
како опрема).
Монтирање на прстен за собирање на вода до
всисувањето на вода (види слика C)
Прстенот за собирање на вода (види „Опрема/резервни
делови", Страница 203) е предвиден за користење со
сталак за дијамантска дупчалка GCR 180 и дијамантската
дупчалка GDB 180 WE.
Исечете еден отвор во саканиот дијаметар на дупчење во
заптивниот поклопец.
Вметнете ја затегнувачката пружина (33) до крај во
процепот меѓу подната плоча (25) и столбот на
дупчалката (20). Внимавајте свитканиот дел на
затегнувачката пружина да покажува надолу.
Поставете го прстенот за собирање на вода и легнете ја
затегнувачката пружина на потпорните точки на прстенот
за собирање на вода. (Окцата на краевите на
затегнувачката пружина служат за влечење на истата
нагоре.)
Со помош на затегнувачката сила на пружината прстенот
за собирање на вода со неговиот дихтунг ќе се притиснат
на подлогата и ќе го спречат протекувањето на вода со
вакуумот на всисувачот за мокро/суво всисување.
Bosch Power Tools