Télécharger Imprimer la page

honor FCP-N49 Guide De Démarrage Rapide page 170

Masquer les pouces Voir aussi pour FCP-N49:

Publicité

Не користете го, не складирајте го и не
пренесувајте го уредот на места каде што се
складираат запаливи материјали или експлозиви
(на бензинска пумпа, склад за нафта или хемиски
погон, на пример). Користењето на Вашиот уред
во таква средина го зголемува ризикот од
експлозија или пожар.
Чувајте ја батеријата подалеку од оган и не
расклопувајте ја, не изменувајте ја, не фрлајте ја и
не притискајте ја. Не ставајте туѓи тела во неа, не
потопувајте ја во вода или други течности и не
изложувајте ја на надворешна сила или притисок
бидејќи тоа може да предизвика истекување,
прегревање и запалување на батеријата, па дури и
пожар.
Отстранете ги уредот, батеријата и додатоците
согласно локалните прописи. Не треба да се
фрлаат во нормалниот отпад од домаќинствата.
Неправилната употреба на батериите може да
предизвика пожар, експлозија или други
опасности.
Овој уред содржи вградена батерија. Не
обидувајте се да ја замените батеријата сами. Во
спротивно, уредот може да не работи правилно
или може да се оштети батеријата. За ваша
безбедност и за да се обезбеди правилна работа
на уредот, се препорачува да контактирате со
овластен сервисен центар за да ја изврши
замената.
Уредот е тестиран во контролирана околина и е
сертифициран дека е отпорен на плискање и на
вода во одредени ситуации (ги исполнува
барањата според класификацијата IPX8 како што е
опишано во меѓународниот стандард IEC
60529:2013). Отпорноста на плискање и на вода не
е трајна состојба и отпорноста може да се намали
како резултат на нормалното абење при
користењето. Не полнете го уредот во влажни
услови. Посетете ја:
https://www.honor.com/global/support/ за детален
опис на оваа функција.
168

Publicité

loading