важни информации (Сл. 1) пред да го користите
производот и неговите батерии и додатоци и
зачувајте ги за во иднина. Погрешната употреба
може да доведе до опасности и сериозни повреди.
Испорачаните додатоци може да се разликуваат за
различни производи.
Предупредување
• За полнење на производот користете само
единица за напојување со безбедносен
сертификат за исклучително низок напон (SELV) со
излезно рангирање од 5 V, ≥ 1 A. За безбедно
полнење во влажна средина (на пр. во бањата),
користете само единица за напојување IPX4
(отпорна на прскање). На www.philips.com/support
се достапни соодветни единици за напојување (на
пр. Philips HQ87). Ако ви е потребна помош при
наоѓањето на точната USB-единица за напојување,
контактирајте со Центарот за грижа за
корисниците во вашата земја (за детали за контакт
погледнете во листот со меѓународна гаранција).
Користењето единица за напојување без
сертификат може да предизвика опасности и
сериозни повреди. • Чувајте ги USB-кабелот, USB-
единицата за напојување и држачот за полнење
(доколку се доставени) суви (Сл. 2). • Овој уред е
водоотпорен (Сл. 3). Тој е погоден за употреба во
бањата или под туш и за чистење под млаз вода.
Затоа, од безбедносни причини, уредот може да се
користи само без кабел. • Овој уред може да го
користат деца на возраст од 8 години и повеќе,
како и лица со намалени физички, сензорни или
ментални способности или со недостаток на
искуство и знаење, доколку се под надзор или
добиваат инструкции за користењето на уредот на
безбеден начин и ги разбираат потенцијалните
опасности. Децата не треба да си играат со уредот.
Децата не треба да го чистат или да го одржуваат
уредот без надзор. • Немојте да ја изменувате
единицата за напојување. • Не користете ја
единицата за напојување на или близу до ѕидни
приклучоци што содржат електрични освежувачи
за воздух за да спречите непоправлива штета на
единицата за напојување. • Немојте да користите
оштетен уред. Заменете ги оштетените делови со
нови делови на Philips. • Поради хигиена, само
едно лице треба да го користи уредот. • Исклучете
го уредот пред да го чистите со вода. • Користете
само ладна или млака вода за да го чистите
уредот. • Никогаш не користете компримиран
воздух, абразивни сунѓери, абразивни средства за
чистење или агресивни течности за чистење на
уредот. • Максимално ниво на моќност на звук: Lc
= 69 dB(A). • Може да капе вода од штекерот на
долниот дел од уредот кога го плакнете. Тоа е
нормално и не е опасно затоа што целата
електроника е затворена во запечатена погонска
единица во внатрешноста на уредот. • Користете
само оригинални додатоци или потрошни
средства на Philips. • Полнете го, користете го и
чувајте го производот на температура помеѓу 10 °C
и 35 °C. • Чувајте ги производот и батериите
подалеку од оган и немојте да ги изложувате на
директна сончева светлина или високи
температури. • Ако производот се загрее премногу
или почне да мириса, ја промени бојата или ако
полнењето трае подолго од вообичаено,
престанете со користењето и полнењето на
производот и контактирајте со Philips. • Не ставајте
ги производите и нивните батерии во
микробранови печки или на индукциски шпорети.
• Немојте да го отворате, изменувате,
продупчувате, оштетувате или расклопувате
производот или батеријата за да спречите
батериите да се загреваат или да испуштаат
токсични или опасни супстанции. Немојте да
правите краток спој, премногу да ги наполнувате
или обратно да ги полните батериите. • Ако
батериите се оштетени или протекуваат,
избегнувајте контакт со кожата или очите. Ако се
случи тоа, веднаш исплакнете добро со вода и
побарајте лекарска помош.
Електромагнетни полиња (EMF)
Овој Philips уред е во согласност со сите важечки
стандарди и регулативи во врска со изложеноста
на електромагнетни полиња.
Поддршка
За целата поддршка за производот, одете на
www.philips.com/support.
Рециклирање
• Овој симбол означува дека електричните
производи и батерии не треба да се фрлаат во
обичниот отпад од домаќинствата (Сл. 4).
• Придржувајте се до прописите во вашата земја за
посебно собирање на електрични производи и
батерии.
Отстранување на вградена батерија на
полнење
Вградената батерија на полнење мора да се
отстранува само од страна на квалификуван
професионалец кога се фрла производот. Пред да
ја отстранувате батеријата, проверете дали уредот
е исклучен од ѕидниот штекер и дали батеријата е
целосно празна.
Преземете ги сите неопходни мерки на
претпазливост кога ракувате со алати за
отворање на уредот и кога ја фрлате
батеријата на полнење.
Кога ракувате со батериите, осигурете се
дека рацете, производот и батериите се
суви.
За да се избегне случаен краток спој на
батериите по отстранувањето, не
дозволувајте терминалите на батериите да
дојдат во контакт со метални предмети (на
пр., парички, шноли за коса, прстени).
Немојте да ги виткате батериите во
алуминиумска фолија. Залепете ги
терминалите на батериите или ставете ги
батериите во пластична кеса пред да ги
фрлате.