Télécharger Imprimer la page

CYBEX gold LEMO Mode D'emploi page 86

Masquer les pouces Voir aussi pour LEMO:

Publicité

ВАЖНО!
ПРОЧИТАЈТЕ
MK
ВНИМАТЕЛНО И
ЗАЧУВАЈТЕ ЗА
ИДНИ ПОТРЕБИ
ВИ БЛАГОДАРИМЕ!
Мило ни е што го избравте сетот со кулата за учење CYBEX
. Набавивте корисен, повеќенаменски, висококвалитетен
производ. CYBEX ви посакува вам и на вашето дете сè
најдобро, и многу волшебни мигови со вашиот нов производ.
Прочитајте ги сите упатства пред да ја составите и користите
кулата за учење CYBEX. Безбедноста на вашето дете е ваша
одговорност.
86
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
• Никогаш не оставајте го детето без надзор.
• Составете го и прицврстете го производот согласно
упатствата за користење.
• Не составувајте го прстенот додека детето стои или седи
на столчето.
• Осигурете дека даската на седиштето е прицврстена и
заклучена по приспособувањето на висината.
• Проверете дали има ризик од отворен оган или други
извори на силна топлина во близина на производот.
• Не преместувајте ја кулата за учење додека детето е
внатре.
• Производот е наменет само за употреба во внатрешни
услови.
• Доколку не се користи, кулата за учење не треба да биде
на дофат на децата.
• Овој производ не е играчка. Не дозволувајте им на децата
да си играат со овој производ.
КОРИСТЕЊЕ НА ПРОИЗВОДОТ
• Кога LEMO се користи како кула за учење во комбинација
со сетот со кулата за учење LEMO, овој производ
е наменет за деца што можат да стојат самостојно.
Максимален товар 25 кг (55 фунти). Од приближно 1 до
5 години*, максимална висина од 110 см или максимална
тежина од 25 кг.
• Осигурете прстенот да биде во висина на колковите.
• Користете ја кулата за учење само на рамна, рамномерна
и хоризонтална површина. Никогаш не подигнувајте ја
кулата за учење на каква било конструкција или на маса.
• Намалете го ризикот од повреда! Поставете ја кулата за
учење подалеку од жешки површини и течности, прозорец
или електрични жици.

Publicité

loading