Milwaukee M18 FCSSM Notice Originale page 64

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 17
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
Батериското пакување е опремено со заштита од
преоптоварување што ја штити батеријата од
преоптоварување и обезбедува долг работен век.
При екстремно висок степен на употреба,
електрониката на батеријата автоматски ја исклучува
машината. За да продолжите со работа исклучете ја
машината и вклучете ја повторно. Доколку машината не
се вклучи повторно, можно е батериското пакување да
е испразнето. Тогаш тоа ќе мора да биде наполнето во
апаратот за полнење.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските
одредби за транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и
одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат
непречен патен транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии
од страна на шпедитерски претпријатија подлежни на
одредбите за транспорт на опасни материии.
Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги
вршат исклучиво соодветно обучени лица.
Целокупниот процес треба да биде стручно
надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на
следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и
изолирани, а сето тоа со цел да се избегнат кратки
споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите
во нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени
литиум-јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
ДОПОЛНИТЕЛНИ СОВЕТИ ЗА УПОТРЕБА
Обрнете внимание на илустрациите за нормална
употреба.
Вовлечете ја спиралата во цевката со лесно
придвижување напред-назад, се додека не се отстрани
затнувањето.
СОВЕТ: Ако се блокира алатката, веднаш ослободете
го лостот за подигање.
Ослободување на блокиран чистач на цевки:
1. Поставете го прекинувачот Напред/ИСКЛУЧЕНО/
Назад на Назад и притиснете го лостот надолу.
2. Алатката се привижува во правец наназад и се
повлекува неколку сантиметри, за да се ослободи
спиралата.
3. Да се исклучи алатката и да се почека да престане
со работа. Потоа, да се вклучи до правец нанапред.
ВНИМАНИЕ! Непрекинатото работење на алатката
може да доведе до оштетување на спиралата и на
приборот.
Да се исклучи алатката и да се почека да престане со
работа. Потоа, да се вклучи до правец нанапред.
1. Остри надолни убоди на кабелот, заедно со и без
вртење на кабелот, може да му помогнат на кабелот
да помине низ сифонот.
2. Со ослободен крак на лостот, вртејќи го рачно
кабелот може да се промени ориентацијата на
секачот за да се овозможи многу полесно
заклучување на приклучокот.
3. Вклучете го чистачот за одвод со вртење наназад
неколку секунди додека притискате надолу на
126
МАКЕДОНСКИ
кабелот. Правете го ова само доволно долго за да
помине кабелот низ сифонот. Вртењето на кабелот
наназад може да го оштети кабелот.
Ако овие опции не работат, користете помал дијаметар
или поеластичен кабел.
МОНТИРАЊЕ НА СПИРАЛАТА
Избор на соодветна спирала:
Големина
тип на спирала
дијаметар
на спирала
на цевка
ø 6 mm
Milwaukee Open Wind
30–50 mm
спирала
ø 8 mm
Milwaukee Open Wind
30–60 mm
спирала
За монтирање на спиралата обрнете внимание на
илустрациите.
ОПОМЕНА! Спиралата е под притисок и при
монтажата може да излета неочекувано, што може да
доведе до повреди.
Носете заштитни очила или очила со странична
заштита, со цел опасноста од повреди да биде на
најниско можно ниво. Секогаш носете кожни ракавици.
Прочитајте го упатството за употреба. Користете
соодветна заштитна опрема.
При употребата на чистачот на цевки може да дојдете
во контакт со хемикалии, бактерии или други
нагризувачки, токсични или заразни супстанци.
По употребата рацете да се измијат со топла вода и
сапун.
ONE-KEY™
За да дознаете повеќе за функционирањето на
ONE-KEY на оваа алатка, Ве молиме прочитајте го
упатството за брзо стартување или посетете на
интернет на: www.milwaukeetool.com/one-key.
Апликацијата ONE-KEY може да ја симнете на Вашиот
смартфон преку App Store или Google Play.
Ако дојде до електростатско празнење, Bluetooth
поврзувањето ќе биде прекинато. Во таков случај,
повторно воспоставете ја врската рачно.
Уредот соодветствува на минималните барања според
EN 55014-2:2015 / EN 301489-1 V2.1.1 / EN 301489-17
V3.1.1.
Индикатор ONE-KEY™
Сино постојано
Безжичниот режим е активен и
светло
подготвен за конфигурирање
преку апликацијата ONE-KEY™.
Сино трепкачко
Алатката активно комуницира со
светло
апликацијата ONE-KEY™.
Црвено
Алатката е заклучена поради
трепкачко светло
безбедност и може да ја отклучи
операторот преку апликацијата
ONE-KEY™.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Во своја сопствена одговорност изјавуваме дека под
"Технички податоци" опишаниот производ е во склад со
сите релевантни прописи од регулативата 2011/65/EU
(RoHS), 2014/30/EU, 2006/42/EC и следните
хармонизирачки нормативни документи:
EN 62841-1:2015
EN 62841-3-14:2017
EN 55014-1:2017
EN 55014-2:2015
EN 62479:2010
EN 300 328 V2.1.1
EN 301 489-1 V2.1.1
EN 301 489-17 V3.1.1
EN IEC 63000:2018
Winnenden, 2020-10-15
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката
документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
ОДРЖУВАЊЕ
Чистење на спиралите, цевката и машината
Спиралите и цевката треба темелно да се промијат со
вода по секоја употреба за да се спречат штетните
ефекти на талог и да се исплакне средството за
чистење на цевки.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Секогаш носете кожни ракавици
над латекс или гумени ракавици за да избегнете
заплеткување на гумените ракавици со спиралата.
Оставете ги спиралата и цевката целосно да се исушат
по чистењето. Потоа, поминете ја спиралата со
намаслена крпа пред повторно да ја навиткате.
Чистење:
1. Поставете ја батеријата и затворете ја вратата на
батеријата. Вклучете ја алатката во положба напред.
2. Притиснете ја рачката и оставете ја алатката
вклучена 30 секунди. Вметнете ја спиралата и
проверете ја функцијата.
3. Навалете го уредот со предниот дел нагоре.
4. Плакнете го уредот со вода сè додека сите
компоненти не се движат слободно.
5. Повторете ги чекорите 2-6 додека сите компоненти
не се движат слободно.
Продолжете да плакнете со вода колку што е потребно
додека алатката не работи нормално.
СОВЕТ: Избегнувајте употреба на вода под висок
притисок при чистење. Исчистете ја алатката само со
нормално црево за вода. Користете без додатоци, како
што се одмастувачи или средства за чистење цевки.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани
треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги
сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја
листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на
апаратот со наведување на машинскиот тип и
шестоцифрениот број на табличката со учинокот или во
Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Германија.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред
отпочнување на каков и да е зафат врз
машината.
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
Носете ракавици!
Секогаш при користење на машината носете
ракавици.
Не проголтајте ја ќелиската батерија!
Електричните апарати не смеат да се фрлат
заедно со домашниот отпад.
Електричните и електронсите апарати треба
да се собираат одделно и да се однесат во
соодветниот погон заради нивно фрлање во
склад со начелата за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби
или кај специјализираниот трговски
претставник, каде има такви погони за
рециклажа и собирни станици.
n
Брзина без оптоварување
0
V
Напон
Истосмерна струја
Европска ознака за сообразност
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
127

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières