OBJ_BUCH-1685-004.book Page 196 Wednesday, September 23, 2015 10:57 AM
196 | Македонски
Електричните ножици секогаш носете ги за рачката,
и тоа само кога се исклучени. Кога ги пренесувате
или складирате електричните ножици секогаш
ставете ја заштитната футрола. Внимателното
ракување со машината го намалува ризикот од
повреда.
Работете со машината само на изолирани
површини, зошто сечилото може да дојде во допир
со скриени електрични инсталации. Ако сечилото
дојде во допир со проводник на електрична енергија,
преку металните делови на машината може да
предизвика електричен удар кај ракувачот со
ножиците.
Дополнителни сигурносни напомени
Оваа машина не е наменета на личности (и деца) со
ограничени физички, сензорни или душевни
можности, со недостаток на искуство и знаење, освен
ако не им се обезбедени соодветни инструкции или
надзор за употреба на машината од страна на личност
одговорна за нивната безбедност.
Внимавајте децата да не си играат со машината.
При работата, држете го електричниот апарат
цврсто со двете дланки и застанете во сигурна
положба. Со електричниот апарат посигурно ќе
управувате ако го држите со двете дланки.
Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Додека ја користите машината, во круг од најмалку
3 метри не треба да има луѓе и животни. Ракувачот на
машината е одговорен за безбедноста на трети лица во
нејзината близина.
Никогаш не држете ја машината за сечилото.
Никогаш не дозволувајте им на деца и луѓе кои не се
запознаени со овие инструкции да ја користат
машината. Локалните прописи можат да ја ограничат
возраста на ракувачот.
Не користете ја машината кога во близина има животни,
луѓе, а особено деца.
Ракувачот е одговорен за штетата нанесена на други
луѓе или имот.
Не користете ја машината боси или со отворени
сандали. Носете крути обувки и долги пантолони. Се
препорачува носење на заштитни ракавици, очила и
обувки. Не носете лабава облека или накит, којшто
може да биде заплеткан во подвижните делови.
Детално прегледајте ги растенијата коишто сакате да ги
шишате и отстранете ги сите жици, кабли и други
предмети.
Секогаш пред употреба проверете да не е оштетено или
истрошено сечилото, носачот на сечилото или
склопката за сечење. Никогаш не работете со оштетено
или истрошено сечило.
Дознајте како да ја запрете машината во итен случај.
Шишајте само по дневна светлина или под добро
осветлување.
F 016 L81 269 | (23.9.15)
Никогаш ме употребувајте ги ножиците со расипани
или немонтирани штитници.
Пред да почнете со шишање проверете да се
монтирани сите рачки и штитници. Никогаш не
работете со машина која не е целосно монтирана или на
која се вршени недозволени преправки.
Никогаш не држете ги ножиците за сечилото.
Одржувајте рамнотежа секогаш кога шишате со
електричните ножици. Стоите на сигурно тло и посебно
внимавајте кога работите на скали или падини.
Обрнувајте внимание на околината и бидете свесни за
евентуалните опасности кои не ги слушате поради
бучавата на машината.
Проверувајте редовно дали се затегнати сите навртки,
завртки и шрафови, за безбедна употреба на
електричните ножици.
Чувајте ја машината на суво, затворено место,
повисоко од подот и вон дофат на деца.
Поради безбедносни причини, веднаш заменете ги
истрошените или оштетените делови.
Не обидувате се сами да ја поправате машината, освен
ако ја немате соодветната обука.
Секогаш користете Bosch оригинални резервни
делови.
Напомени за оптимално користење на
батериите
Осигурајте се дека косачката е исклучена пред да и
ја ставите батеријата. Ставањето на батеријата додека
косачката работи може да предизвика несреќа.
Употребувајте само Бош батерии наменети за оваа
косачка. Употребата на некои други батерии може да
предизвика повреда или пожар.
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од
експлозија.
Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
производ од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
Не предизвикувајте краток спој на батеријата.
Инаку, постои опасност од експлозија.
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Bosch Power Tools