Напомени За Оптимално Користење На Батериите - Bosch ART 23-18 LI Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour ART 23-18 LI:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 17
OBJ_BUCH-1981-002.book Page 154 Tuesday, January 28, 2014 3:51 PM
154 | Македонски
Ракување
 Оваа косачка не е наменета на личности (и деца) со
ограничени физички, сензорни или душевни
можности, со недостаток на искуство и знаење, освен
ако не им се обезбедени соодветни инструкции или
надзор за употреба на косачката од страна на личност
одговорна за нивната безбедност.
Внимавајте децата да не си играат со косачката.
 Никогаш не дозволувајте им на деца или на необучени
лица да гo употребуваат тримерот. Државните прописи
можат да ја ограничат возраста на ракувачот. Тримерот
чувајте го вон дофат на деца и кога не е во употреба.
 Не употребувајте го тримерот со оштетени или
истрошени штитници, или ако штитниците не се
монтирани.
 Пред употреба и после удар проверете дали е уредот
оштетен или изабен и спроведете ги евентуалните
потребни поправки.
 Не употребувајте ја машината ако сте уморни, болни
или под влијание на алкохол, лекови или дрога.
 Носете долги пантолони од крут материјал, цврсти
чевли и ракавици. Не носете лабава облека, накит, куси
пантолони, и сандали и не работете боси. Ако имате
долга коса, врзете ја над рамената, за да спречите
нејзино заплеткување во подвижните делови на
уредот.
 Кога уредот е во употреба носете заштитни очила и
слушалки.
 Стојте стабилно и секогаш одржувајте рамнотежа. Не
исцрпувајте се.
 Никогаш не користете го тримерот кога во близина има
други лица, а особено деца или животни.
 Ракувачот е одговорен за штетата нанесена на други
луѓе или имот.
 Почекајте сечилото потполно да застане пред да го
допрете. Сечилото продолжува да ротира и откако
моторот на уредот ќе згасне и може да предизвика
повреда.
 Работете само при дневна светлина или при добро
осветлување.
 Не работете со тримерот при лоши временски услови, а
посебно при грмотевици.
 Употребата на тримерот на влажна трева ја намалува
неговата ефикасност.
 Згаснете го уредот кога го пренесувате до и од местото
на работа.
 Веднаш згаснете го уредот ако Вашите нозе или раце се
преблиску до сечилото.
 Не приближувајте ги нозете и рацете до вртечките
елементи на сечилото.
 Пред замена на сечилото извадете ја батеријата.
 Никогаш не употребувајте метални елементи за
сечилото на овој тример.
 Редовно проверувајте го и одржувајте го тримерот.
F 016 L81 061 | (28.1.14)
 Тримерот носете го на поправка само во овластен
сервис.
 Секогаш проверувајте отворите за воздух да не се
затнати од искосените отпадоци.
 Извадете ја батеријата:
– секогаш кога уредот го оставате без надзор на
извесно време
– за замена на сечилото
– за чистење или поправка
 Чувајте го уредот на безбедно, суво место вон дофат на
деца. Не ставајте други предмети на уредот.
 Поради безбедносни причини, веднаш заменете ги
истрошените или оштетените делови.
 Секогаш користете Bosch оригинални резервни
делови.
 Никогаш не користете го уредот ако на него не се
монтирани придружните делови.
Напомени за оптимално користење на
батериите
 Осигурајте се дека косачката е исклучена пред да и
ја ставите батеријата. Ставањето на батеријата додека
косачката работи може да предизвика несреќа.
 Полначот држете го подалеку од дожд и влага.
Навлегувањето на вода во полначот го зголемува
ризикот од електричен удар.
 Батеријата полнете ја само со полначи препорачани
од Bosch. Полнач што е погоден за полнење на еден
вид батерии може да предизвика пожар кога се користи
за полнење на некој друг, несоодветен вид на батерии.
 Не полнете други батерии. Полачот е наменет само за
Бош литиум-јонски батерии со волтажа опишана во
техничките карактеристики. Во спротивно, постои
ризик од пожар и од експлозија.
 Одржувајте ја чистотата на полначот. Доколку се
извалка, постои опасност од електричен удар.
 Пред секое користење, проверете го полначот,
кабелот и приклучокот. Не го користете полначот,
доколку приметите оштетувања. Не го отворајте
сами полначот и оставете го на поправка кај
квалификуван стручен персонал кој ќе користи
само оригинални резервни делови. Оштетениот
полнач, кабел и приклучок го зголемува ризикот за
електричен удар.
 Не го користете полначот на лесно запалива подлога
(на пр. хартија, текстил итн.) односно во запалива
околина. Постои опасност од пожар заради
затоплувањето на уредот што произлегува при
полнењето.
 Употребувајте само Бош батерии наменети за оваа
косачка. Употребата на некои други батерии може да
предизвика повреда или пожар.
 Кога не ја користите батеријата, чувајте ја
понастрана од парички, спојувалки, клучеви, шајки,
завртки и други метални предмети што можат да
направат спој од едниот до другиот пол. Краток спој
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Art 23-18 li+Art 26-18 li

Table des Matières