Télécharger Imprimer la page

Skil 0650 Notice Originale page 176

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 16
- избегнувате затегнување на синџирот ако е
врел зашто така ќе предизвикате тој да биде
презатегнат кога ќе се олади
Подмачкување p
Векот на траење на синџирот и капацитетот за
сечење зависат од оптималното подмачкување.
Затоа синџирот се подмачкува автоматски во текот
на работата преку испустот за масло AC 2
! телескопската пила не се доставува наполнета
со масло; мора да наполните масло пред да
работите
! никогаш не работете со телескопската пила без
масло за синџирот или со празен резервоар
за масло бидејќи тоа доведува до големо
оштетување на производот
- поставете ја пилата на каква било соодветна
површина со капачето на резервоарот за масло AA
свртено нагоре
- отшрафете го капачето и ставајте масло за
телескопска пила (не е вклучено) додека не се
наполни резервоарот
- внимавајте нечистотија или отпад да не влезат во
резервоарот
- ставете го капачето на резервоарот за масло и
затегнете го
! проверете го нивото на маслото пред почеток и
редовно во текот на работата; дополнете масло
само кога нивото на маслото е под индикаторот
Z
- едно полнење на резервоарот со масло трае околу
15 минути во зависност од интензитетот на пилење
и прекините
- никогаш не користете рециклирано/старо масло
! употребувајте само биоразградливо масло за
пила со синџир
Вклучено/Исклучено a
вклучете ја машината прво со притискање на
безбедносниот прекинувач W и потоа повлечете го
прекинувачот за активирање X
исклучете го алатот со ослободување на
прекинувачот X
Работа со алатот
- секогаш држете ја телескопската пила со двете
раце: со едната рака на задната дршка Y и со
другата рака на предната дршка U;
! телескопската пола мора да се движи со полна
брзина пред да го допре дрвото
- не применувајте сила врз синџирот додека сечете;
оставете го синџирот да работи
- користете ја телескопската пила само ако стоите
безбедно
- сечењето е оптимално кога брзината на синџирот е
непроменлива во текот на сечењето
! Осигурете се дека главите со навој на
стаповите се целосно прицврстени пред да
ракувате со алатот. Повремено проверете дали
се прицврстени во текот на употребата за да
избегнете сериозна лична повреда.
! Осигурете се дека ротационата глава е
правилно прицврстена пред да ракувате со
алатот.
! внимавајте предметот кој се сече да
не ја надмине должината на сечење на
телескопската пила која се користи. Врвот на
водечкиот лост секогаш се протега најмалку
2" (50mm) надвор од контурите на дрвениот
трупец
! внимавајте синџирот на пилата да не ја допира
земјата или кои било други предмети
! секогаш вадете ја пилата од дрвото кое го
сечете додека таа работи
Основно сечење sa
- Направете прв плиток засек (1/4 од дијаметарот на
гранката) на долната страна на гранката, близу до
главната гранка или трупецот sb
- Направете втор засек од горната страна на
гранката, кон надворешната страна од првиот
зарез. Продолжете го вториот засек низ гранката
додека гранката не се оддели од дрвото. Бидете
подготвени да одржите рамнотежа во однос на
тежината на алатот кога гранката ќе падне sb
- Направете го конечниот засек близу до трупот sb
- Пуштете го прекинувачот за активирање штом ќе
завршите со сечење
- За вториот и завршните засеци (од врвот на
големата или малата гранка), со запците за фаќање
K држете ја гранката која се сече. Тоа ќе помогне
гранката да се одржи во положба на мирување и ќе
биде полесно да се исече sc
Сечење на гранки и поткастрување d
- Оваа телескопска пила е наменета за
поткастрување на мали и големи гранки со
дијаметар од најмногу 175мм.
! Сечете ги гранките на делови за да осигурите
дека нема да ве удрат гранките што паѓаат или
дека гранките нема да отскокнат од земјата.
! Не стојте директно под гранката која ја сечете.
- Позиционирајте ја телескопската пила на агол од
60° или помалку, во зависност од специфичната
ситуација
- Остранете ги долгите гранки во неколку фази
- Прво исечете ги пониските гранки за да направите
повеќе место за паѓање на горните гранки
- Работете полека, цврсто држејќи ја пилата со двете
раце. Одржувајте цврст став и рамнотежа
- Додека ги сечете гранките дрвото нека биде
помеѓу Вас и пилата. Сечете од страната на дрвото
која е спротивна на гранката која ја сечете
! Не сечете качени на скалило. Оставете ги
таквите активности за професионалци.
! Немојте да сечете до самиот раб на главната
гранка или трупот додека не сте отсекле
доволен дел од гранката за да ја намалите
тежината.
! Не ја употребувајте телескопската пила за
сечење дрва или трупци
! не работете на растојание помало од 15м од
водови над глава
! Држете ги другите лица на растојание од
најмалку 15м
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
Овој алат не е наменет за професионална употреба
Алатот секогаш да се одржува чист (особено
отворите за ладење E 2)
176

Publicité

loading