Télécharger Imprimer la page

Skil 0650 Notice Originale page 173

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 16
НИВ
a) Не го преоптеретувајте електричниот алат.
При Вашата работа користете го предвидениот
електричен алат за таа намена. Со соодветниот
електричен алат ќе ја завршите работата подобро и
побезбедно во однос на тоа за што е наменет.
b) Не користете го електричниот алат ако
прекинувачот не се вклучува и исклучува
правилно. Секој електричен алат кој не може да се
контролира со помош на приклучок е опасен и мора
да се поправи.
c) Исклучете го електричниот алат од струја
и/или извадете го комплетот со батерии,
ако се одделува, пред да правите некакви
прилагодувања, менувате дополнителна опрема
или го складирате електричниот алат. Со овие
превентивни безбедносни мерки се намалува
опасноста од случајно вклучување на електричниот
алат.
d) Складирајте ги електричните алати во мирување
надвор од дофатот на деца и не допуштајте
работа со уредот на лица кои не се запознаени
со него или кои го немаат прочитано ова
упатство. Електричните алати се опасни доколку со
нив работат нестручни лица.
e) Одржувајте ги електричните алати и
дополнителната опрема. Проверете дали има
изместување или допирање на подвижните
делови, дали некои делови се скршени или во
некоја друга состојба што влијае врз работата
на електричниот алат. Ако е оштетен, дајте го
алатот да се поправи пред да го користите.
Многу несреќи се случуваат заради неодржуван
електричен алат.
f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
ивици помалку ќе се заглавуваат и полесно се
контролираат.
g) Електричниот алат, дополнителната опрема,
работните алати итн., треба да ги користите
според овие упатства и земајќи ги предвид
работните услови и работата која треба да се
заврши. Употребата на електричниот алат за работи
коишто се поинакви од неговата намена може да
доведе до опасна ситуација.
h) Одржувајте ги рачките и површините за фаќање
суви, чисти и без масло и маст на нив. Рачките
и површините за држење што се лизгаат не
овозможуваат безбедно ракување и контрола на
алатот во неочекувани ситуации.
5) КОРИСТЕЊЕ НА АЛАТ НА БАТЕРИИ И ГРИЖА ЗА
НЕГО
a) Полнете само со полначот кој е пропишан од
страна на производителот. За полначот кој е
соодветен за еден вид на батерии, постои опасност
од пожар, доколку се употребува со други батерии.
b) Користете ги електричните алати само со
посебно назначени батерии. Користењето на кои
било други батерии може да доведе до опасност од
повреда и пожар.
c) Кога батериите не се користат, држете ги
настрана од метални предмети како спајалици
за хартија, парички, клучеви, клинци, навртки
или други, мали метални предмети кои можат да
спојат еден пол на друг. Краткиот спој на половите
на батериите може да предизвика изгореници или
пожар.
d) Во услови на злоупотреба може да дојде
до исфрлување на течност од батеријата;
избегнувајте контакт. Ако дојде до случаен
контакт, измијте го местото со вода. Ако
течноста дојде во контакт со очи, дополнително
побарајте лекарска помош. Течноста која истекува
од батеријата може да предизвика иритација или
изгореници.
e) Не употребувајте комплет со батерии или алат
кој е оштетен или изменет. Оштетени или изменети
батерии може да реагираат непредвидливо и да
предизвикаат пожар, експлозија или опасност од
повреда.
f) Не го изложувајте комплетот со батерии
или алатот на оган или висока температура.
Изложувањето на оган или температура над 130°C
може да предизвика експлозија.
g) Следете ги сите инструкции за полнење и не
го полнете комплетот со батерии или алатот
надвор од температурниот опсег наведен во
инструкциите. Неправилното полнење или полнење
на температура надвор од наведениот опсег може
да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од
пожар.
6) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Електричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само
идентични резервни делови. Со ова се обезбедува
безбедно одржување на електричниот алат.
b) Никогаш не поправајте оштетени комплети со
батерии. Поправката на комплети со батерии треба
да ја врши само производителот или овластен
сервис.
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА
ТЕЛЕСКОПСКИОТ ПОТКАСТРУВАЧ
a) Делови од телото не смеат да дојдат близу
синџирот на пилата. Не отстранувајте поткастрен
материјал и не држете материјал што треба
да се поткаструва додека синџирот на пилата
се движи. Осигурете се дека алатот е исклучен и
дека батеријата е отстранета кога чистите заглавен
материјал. Момент на невнимание при работење
со телескопски поткаструвач може да доведе до
сериозна лична повреда.
b) Држете го електричниот алат само за
изолираните површини за држење бидејќи
синџирот на пилата може да дојде во контакт
со скриени жици. Ако синџирите на пилата
дојдат во контакт со жица под напон, може да ги
електрифицираат металните делови на алатот и да
предизвикаат струен удар кај операторот.
c) Одржувајте цврст зафат на алатот со двете раце
на телескопскиот поткаструвач и поставете
ги телото и раката на тој начин со којшто
ќе си овозможите да ја издржите силата на
повратниот удар. Ракувачот може да ги контролира
реакциите од силата на повратниот удар ако ги
173

Publicité

loading