164 | Македонски
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Напомена: Користењето на батерии кои не се соодветни
за Вашиот електричен алат може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на истиот.
Прекинувачот за менување на правецот на вртење (6)
поставете го на средината, за да спречите несакано
вклучување. Наполнетата батерија (5) вметнете ја во
рачката, додека не се вклопи и не легне рамно во
рачката.
Подесување на правецот на вртење (види слика H)
Прекинувачот за менување на правецот на вртење
u
(6) активирајте го само кога електричниот алат е во
мирување.
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (6)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (7) е притиснат ова не е
возможно.
Десен тек: За дупчење и завртување на завртки
притиснете го прекинувачот за менување на правец на
вртење (6) налево до крај.
Вртење во лево: За олабавување одн. одвртување на
завртки и навртки притиснете го прекинувачот за
менување на правецот на вртење (6) на десно до крај.
Избирање на вртежниот момент
Со прстенот за подесување на вртежниот момент (2)
може да го изберете потребниот вртежен момент во 20
степени. При правилно подесување, алатот што се
вметнува ќе се стопира, откако завртката цврсто ќе се
заврти во материјалот одн. откако ќе се постигне
поставениот вртежен момент. Во позицијата
пружината за спојување е деактивирана, на пр. за
дупчење.
При одвртување на завртки евентуално може да
одберете повисока поставка одн. да поставите на
ознаката
.
Механички избор на брзини
Прекинувач за избор на брзина (3) активирајте го
u
само кога електричниот алат е во празен од.
1 609 92A 815 | (15.07.2022)
Со прекинувачот за избор на брзини (3) може да
изберете 2 брзини.
Брзина I:
Низок обем на вртежи; за завртување или работење со
голем дијаметар на дупчење.
Брзина II:
Висок обем на вртежи; за работење со мал дијаметар на
дупчење.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(7) и држете го притиснат.
Светилката (9) свети неколку секунди доколку
прекинувачот за вклучување/исклучување (7) е
половично или целосно притиснат и овозможува
осветлување на работното поле при неповолни
светлосни услови.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (7).
Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може
да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку
подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (7).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (7) се постигнува мал број на вртежи. Со
зголемување на притисокот се зголемува и бројот на
вртежи.
Целосна автоматска блокада на вретеното (Auto-Lock)
Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (7)
не е притиснат, вретеното за дупчење и прифатот на
алатот ќе се фиксира (1).
Ова овозможува навртување на завртки и при
испразнета батерија (5) одн. користење на електричниот
алат како одвртувач.
Приказ за наполнетост на батеријата
Приказот на наполнетост на батеријата (8) при
половично или целосно притиснат прекинувач за
вклучување/исклучување (7) за неколку секунди ја
прикажува наполнетоста на батеријата и се состои од 3
зелени LED светилки.
3-те LED светилки на приказот за наполнетост на
батеријата (8) и светилката (9) брзо трепкаат, доколку
температурата на батеријата е надвор од опсегот на
работна температура од –20 до +50 °C.
LED-светилки
Трајно светло 3 x зелено
Трајно светло 2 x зелено
Трајно светло 1 x зелено
Бавно трепкање на светлото 1 x зелено ≤ 25 %
Капацитет
≥ 76 %
51–75 %
26–50 %
Bosch Power Tools