Makita PLM4621N2 Manuel D'instructions D'origine page 272

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 25
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! За да се избегнат какви
било ненамерни вклучувања на косилката, таа е
опремена со кочница на моторот која мора да се врати
назад пред да може да се вклучи моторот. Кога
рачката за контрола на моторот ќе се отпушти, таа
мора да се врати на својата почетна позиција, при што
моторот автоматски ќе се исклучи.
Напомена: Кочница на моторот (рачка на
кочница): Употребете ја рачката за да го запрете
моторот. Кога ќе ја отпуштите рачката, моторот и
сечилото запираат автоматски. За да косите, држете ја
рачката во работна позиција. Пред да почнете да
косите, проверете ја рачката за вклучување/запирање
неколку пати за да се осигурате дека работи
правилно. Осигурете се дека затегнатата сајла работи
лесно (т.е. не е заглавена ниту пак свиткана).
7-4 ГАСЕЊЕ НА МОТОРОТ
ВНИМАНИЕ: Сечилото се врти уште неколку
секунди откако ќе се изгаси моторот.
1. Отпуштете ја рачката на сопирачката за да ги
сопрете моторот и сечилото.
2. Откачете го и вземјете го кабелот за свеќичката
како што е наведено во посебното упатство за
моторот за да се спречи несакано палење додека
не се внимава на опремата.
7-5 ПОВРЗУВАЊЕ ЗА АВТОМАТСКО
ДВИЖЕЊЕ
За PLM4621N2
Фатете ја рачката за контрола на самостојното
возење, косилката ќе се движи напред автоматски со
околу 3,6 km/h, отпуштете ја рачката и косилката ќе
престане да се движи.
За PLM4622N2
Косилката е опремена со систем за прилагодување на
брзината што може да прилагоди 3 брзини од 3,0 km/h
до 4,5 km/h.
Треба да го направите следново:
1. Пуштајте ја рачката за контрола на самостојното
возење се додека косилката не престане да се
движи нанапред.
2. Прилагодете ја соодветната брзина што ја сакате.
3. Фатете ја рачката за контрола на самостојното
возење за да продолжите со косење. (Сл. 21)
ВНИМАНИЕ: Косилката е конструирана да
коси нормални тревници со трева не повисока од
250 mm.
Не обидувајте се да косите низ невообичаено висока
сува или мокра трева (на пр. пасиште) или купчиња
суви лисја. На главата на косилката може да се
насоберат отпадоци или да дојдат во допир со
издувниот канал на моторот, што претставува
потенцијална опасност од пожар.
272
7-6 ЗА НАЈДОБРИ РЕЗУЛТАТИ ПРИ
МУЛЧИРАЊЕ
Исчистете го тревникот од отпадоци. Осигурете се
дека низ тревникот нема камења, прачки, жица или
други надворешни предмети кои може случајно да
бидат исфрлени од косилката во секоја насока и да
предизвикаат сериозна лична повреда на операторот
и на другите како и да оштетат имот и околни
предмети. Не сечете влажна трева. За ефективно
мулчирање не сечете влажна трева бидејќи таа има
карактеристика да се прилепува на внатрешноста на
главата спречувајќи го правилното мулчирање на
исечената трева. Не сечете повеќе од 1/3 од
должината на тревата.
Препорачаното сечење за мулчирање е 1/3 од
должината на тревата. Брзината на движење по
земјата ќе треба да се прилагоди така што исечените
делови рамномерно да бидат распространети низ
тревникот. За особено тешко сечење низ густа трева
може да биде потребно да се користи некоја од
најбавните брзини за да се добие чист добро
мулчиран откос. При мулчирање долга трева може да
биде потребно да ја сечете тревата со две
поминувања, спуштајќи го сечилото уште за 1/3 од
должината за второто сечење и можеби сечење со
различна шема споредено со првиот пат.
Преклопувањето на сечењето по малку при секое
поминување, исто така ќе помогне да се исчистат
секакви залутани исечени делови останати на
тревникот. Косилката секогаш треба да работи со полн
гас за да се добие најдобар откос и да и се овозможи
да изврши најефикасно мулчирање. Исчистете ја
долната страна на главата.
Осигурете се дека сте ја исчистиле долната страна на
главата за сечење по секоја употреба за да избегнете
насобирање на трева која би го спречила правилното
мулчирање. Мулчирање лисја. Мулчирањето лисја
исто така може да биде корисно за вашиот тревник.
Кога мулчирате лисја, осигурете се дека тие се суви и
дека не се премногу густо распоредени по тревникот.
Не чекајте сите лисја да паднат од дрвјата пред да
мулчирате.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако удрите во некој
предмет, сопрете го моторот. Извадете го кабелот од
свеќичката, темелно проверете ја косилката да не е
оштетена и поправете ја штетата пред повторно да ја
запалите и да работите со косилката. Прекумерни
вибрации на косилката за време на работата се
показател на оштетување. Уредот треба веднаш да се
испита и да се поправи.
7-7 СОБИРАЧ НА ТРЕВА
Испразете ја и исчистете ја вреќата, проверете дали и
чиста и дали мрежата пушта воздух. (Сл. 22)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Plm4622n2

Table des Matières