OBJ_BUCH-877-007.book Page 136 Monday, August 11, 2014 11:47 AM
136 | Македонски
Вшмукувачот смее да се поправа само од страна на
квалификуван стручен персонал со оригинални
резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни
во безбедноста на електричниот апарат.
Вшмукувачот содржи
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
прав што е опасна по
здравјето. Празнењето и одржувањето, како и
вадењето на контејнерот за собирање прав смее да се
врши само од страна на стручен персонал. Неопходна е
соодветна заштитна опрема. Не го користете
вшмукувачот без комплетниот филтерски систем.
Инаку го загрозувате вашето здравје.
Пред користењето, проверете дали цревото за
вшмукување е во беспрекорна состојба. При
монтирањето на цревото на вшмукувачот,
проверете да не излегува прав. Инаку може да ја
вдишете правта.
Не го користете вшмукувачот како предмет за
седење. Може да го оштетите вшмукувачот.
Внимателно користете го струјниот кабел и цревото
за вшмукување. Внимавајте притоа да не ги доведете
другите лица во опасност.
Не го чистете вшмукувачот со директно насочен
млаз вода. Навлегувањето на вода во горниот дел на
вшмукувачот го зголемува ризикот од електричен удар.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на
вашиот вшмукувач. Ве молиме запаметете ги ознаките и
нивното значење. Вистинската интерпретација на
ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите
вшмукувачот.
Ознаки и нивно значење
ПРЕТПАЗЛИВОСТ
напомени и упатства за безбедност.
Грешките настанати како резултат од
непридржување до безбедносните
напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Вшмукувач од класата на прав M според
IEC/EN 60335-2-69 за вшмукување на
суви материјали за честички прав
опасни по здравјето со гранична
вредност на изложеност ≥ 0,1 mg/m
1 609 92A 0XD | (11.8.14)
Ознаки и нивно значење
Опис на производот и моќноста
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
од вшмукувачот и држете ја отворена, додека го читате
упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Уредот е наменет за собирање, вшмукување, пренос и
складирање на дрвени струготини како и незапаливи суви
честички прав, незапаливи течности и мешавина од вода и
воздух. Вшмукувачот е технички проверен на прав и
одговара на класата на вшмукување M. Тој е прилагоден и на
високите барања при негова комерцијална употреба на пр.
во занаетчиството, индустријата и сервисните работилници.
Користете го вшмукувачот само откако ќе ги проучите сите
функции и може да ги примените истите без ограничувања
или откако ќе ги добиете потребните упатства.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката страница.
1 Држач за кабел
2 Рачка за носење
3 Горен дел на вшмукувачот
Прочитајте
4 Светла за предупредување
ги сите
5 Регулатор на воздушниот проток
6 Прекинувач за избор на начинот на работа
7 Конектор за електричниот апарат
8 Резе
9 Прифат за цревото
10 Црево за вшмукување
11 Контејнер
12 Кочница за тркалото
13 Поклопец за горниот дел на вшмукувачот
14 Депо за опрема
15 Стега за држачот-водилка
16 Држач-водилка
17 Вреќичка за прав
18 Набран филтер
19 Филтер за заштита на моторот
3
20 Сензори за ниво на наполнетост
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Отворете го горниот дел на вшмукувачот
3 и цврсто задржете го. Фатете го
набраниот филтер 18 за држачите и
извадете го нагоре.
Bosch Power Tools