Индикаторски ламбички
Вклучена Исклучена
015658
НАПОМЕНА:
• Во зависност од условите на употреба и
амбиенталната температура, индикацијата може да
се разликува во мала мера од реалниот капацитет.
Монтирање или отстранување на
единицата со вентилаторот на/од
јакната (Сл. 4)
Поставете ја единицата со вентилаторот на јакната
закопчувајќи го патентот. Потоа, стегнете го копчето за
закопчување за да ја прицврстите.
Поставување на држачот на батеријата
(Сл. 5)
Поврзете ги држачот на батеријата и кабелот за
напојување на јакната.
Можете да го закачите држачот на батеријата на
вашиот ремен.
ФУНКЦИОНАЛЕН ОПИС
ВНИМАНИЕ:
• Јакната со ладење делува преку довод на воздух
чии температура и влажност се пониски од оние на
површината на телото.
Јакната со ладење може да не делува ако
температурата и влажноста на воздухот во
околината се повисоки од температурата и
влажноста на воздухот во јакната.
Користење на прекинувачот (Сл. 6)
За да ја вклучите јакната, притиснете го и задржете го
копчето за вклучување/исклучување (7). Јакната
започнува да работи со висока брзина на воздухот. Со
секое допирање на копчето за вклучување/
исклучување, брзината на воздухот се менува од
висока во средна, од средна во ниска, и од ниска во
висока. Индикаторот за брзина на воздух (10) ја
покажува моменталната брзина на воздухот.
Преостанат
капацитет
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Може да има
дефект на
батеријата.
За да ја исклучите, повторно притиснете го и задржете
го копчето за вклучување/исклучување.
Копче за турбо (Сл. 6)
Со притискање на копчето за турбо (11), јакната
започнува да работи во турбо-режим за брзо ладење.
Турбо-режимот трае една минута и потоа, брзината на
воздухот се враќа во нормала.
Контрола на протокот на воздух (Сл. 7,
8 и 9)
За одржување стабилен проток на воздух, закопчајте
го копчето кај вратот од јакната.
Протокот на воздух внатре во јакната можете да го
контролирате преку закопчување или откопчување на
внатрешните патенти.
Кога ги закопчувате внатрешните патенти (Сл. 8),
најголемиот дел од воздухот минува низ отворот за
вратот со голем волумен. Кога ги откопчувате
внатрешните патенти (Сл. 9), воздухот минува низ
отворите за вратот и ракавите.
Ракавот од јакната има можност за отстранување.
Отстранете го ракавот преку откопчување на патентот
во согласност со условите на вашата работа.
Поврзување USB-уреди (Сл. 10)
ВНИМАНИЕ:
• Поврзувајте само уреди што се компатибилни со
отворот за USB за снабдување со електрична
енергија. Во спротивно, може да дојде до дефект на
држачот на батеријата.
Држачот на батеријата (со батеријата) може да работи
како надворешен уред за снабдување со електрична
енергија за USB-уреди.
Отворете го капакот и поврзете го кабелот за USB (не
е вклучен во пакетот) во отворот за снабдување со
електрична енергија (12) на држачот на батеријата. И
потоа, поврзете го другиот крај од кабелот со уредот.
Држачот на батеријата (со батеријата) снабдува
еднонасочна електрична енергија од 5V, 2,1A од еден
отвор и 3,0A вкупно од двата отвори.
Кабелот за USB може да се постави внатре во јакната
заради удобност користејќи го дупчето на џебот и
држачот на кабел (Сл. 11).
НАПОМЕНА:
• Пред да поврзете USB-уред во држачот на
батеријата (со батеријата), секогаш правете
резервни копии од вашите податоци што се наоѓаат
на USB-уредот. Во спротивно, постои можност да
дојде до загуба на вашите податоци.
• Полначот може да не полни одредени USB-уреди.
• Почекајте 10 секунди пред да започнете со
последователно полнење друг уред.
• Кога не се користи или по полнење, вадете го
USB-кабелот и затворајте го капакот.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
• Пред секоја проверка или одржување, секогаш
проверувајте дали јакната е исклучена и касетата
со батеријата е извадена.
147