• Наполнете ја касетата со
батеријата ако планирате да
не ја користите подолг период
(повеќе од 6 месеци).
• За оптимален работен век,
касетата со батеријата мора
целосно да се наполни по
употреба.
ЧУВАЈТЕ ГО
УПАТСТВОТО.
(За преглед на сите слики, погледнете на последната
страница од ова упатство за употреба).
ОЗНАЧУВАЊЕ НА ДЕЛОВИТЕ (Сл. 1)
(1) Единица со вентилатор
(2) Кабел за напојување
(3) Држач на батеријата
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Модел
Материјал
Отвор за USB за
снабдување со
електрична енергија
Време на работа
(час)
(Приближно)
1
Брзина на
2
воздухот
3
Номинален напон (V)
Касета со батерија
• Поради постојаното истражување и развој,
техничките податоци дадени тука може да се
менуваат без известување.
• Техничките податоци и касетата со батеријата може
да се разликуваат од земја до земја.
• Времето на работа може да се разликува во
зависност од видот на батеријата и условите на
користење.
146
DFJ201
Полиестер (100%)
DC 5V, 2,1A (1 отвор)/
DC 5V, 3,0A (вкупно 2 отвори)
Со батерија
Со батерија
BL1450
BL1850
20
29
15
21
8
12
14,4
18
BL1415, BL1415N, BL1430,
BL1430B, BL1440, BL1450,
BL1460B, BL1815, BL1815N,
BL1820, BL1820B, BL1830,
BL1830B, BL1840, BL1840B,
BL1850, BL1850B, BL1860B
СКЛОПУВАЊЕ
Монтирање или отстранување на
касетата со батерија на/од држачот на
батеријата (Сл. 2)
ВНИМАНИЕ:
• Цврсто држете го држачот на батеријата и
касетата со батеријата кога ја монтирате или
отстранувате касетата со батеријата. Ако
држачот на батеријата и касетата со батеријата не
се држат цврсто, тоа може да предизвика нивно
лизгање од вашите раце и да резултира со
оштетување на држачот на батеријата и касетата со
батеријата, како и со лична повреда.
За да ја монтирате касетата со батеријата (4),
порамнете го јазичето на касетата со батеријата со
жлебот во држачот на батеријата и турнете ја да
застане во место. Вметнете ја до крај додека не се
блокира на место при што ќе се слушне мало
кликнување. Ако можете да го видите црвениот
индикатор (5) на горната страна од копчето, тоа значи
дека не е заклучена целосно во место. Секогаш
монтирајте ја касетата со батеријата целосно додека
црвениот индикатор не престане да свети. Во
спротивно, може случајно да испадне од држачот на
батеријата, со тоа предизвикувајќи повреда вам или
некому околу вас.
Немојте да ја монтирате касетата со батеријата
насилно. Ако касетата не може да се лизне лесно, тоа
значи дека не е поставена правилно. За да ја
отстраните касетата со батеријата, лизнете ја од
држачот на батеријата додека го лизгате копчето (6) на
предниот дел од батеријата.
Го покажува преостанатиот капацитет
на батеријата (Сл. 3)
(Само за батерии со буквата „В" на крајот од бројот на
модел)
Притиснете го копчето за проверка (9) на батеријата за
да се покаже преостанатиот капацитет на батеријата.
Индикаторските ламбички (8) светнуваат и остануваат
вклучени неколку секунди.