Télécharger Imprimer la page

Huawei CP81-1 Guide De Démarrage Rapide page 74

Watch wireless charger

Publicité

Безбедносни барања" и IEC/EN 60950-1 „Опрема за
информатичка технологија - Безбедност - Дел 1: Општи
барања".
• Ако полначот треба да се поврзе со USB-приклучок, проверете
дали USB-приклучокот има сертификат USB-IF и дали е
усогласен со стандардите USB-IF.
• Не изложувајте го полначот на извори на топлина како
директна сончева светлина, грејачи, микробранови печки,
рерни или грејачи за вода.
• Полначот фрлете го во согласност со локалните прописи. Не
фрлајте го како обичен отпад од домаќинствата. Почитувајте
ги локалните закони за фрлање на полначот и неговите
додатоци и поддржете ги напорите за рециклирање.
• Спречете случајно проголтување на полначот од деца и
животни.
• Чувајте го уредот подалеку од дофат на деца.
• Немојте да го испуштате, притискате или дупчите полначот
бидејќи тоа може да предизвика неисправно работење на
полначот.
• Поврзувањето на полначот со неодобрено или
некомпатибилно напојување, адаптер за полнење или мерен
инструмент може да предизвика опасности како што е пожар.
• Не оставајте метални предмети врз површината на полначот
долго време, бидејќи тие можат да предизвикаат топлина и
неисправно работење на полначот.
Мерки за претпазливост
• Часовникот нема да се наполни ако не е правилно
поставен.
• Не ставајте предмети помеѓу часовникот и полначот.
Информации за фрлање и рециклирање
Симболот на пречкртана корпа за отпадоци на
производот, батеријата, упатството или пакувањето ве
потсетува дека сите електронски производи мора да се
однесат во посебни собирни центри за отпад на крајот од
нивниот работен век; тие не смеат да се фрлаат со обичниот
отпад од домаќинствата. Корисникот е одговорен да го фрли
уредот во означен собирен центар или кај служба за посебно
рециклирање на отпадна електрична и електронска опрема
(WEEE) и батерии во согласност со локалните закони.
Правилното собирање и рециклирање на вашиот уред
овозможува отпадната електрична и електронска опрема (EEE)
да се рециклира на начин што ги зачувува вредните материјали
и го заштитува здравјето на луѓето и животната средина.
Неправилното ракување, случајното кршење, оштетување
и/или неправилното рециклирање на крајот од работниот век
може да биде штетно за здравјето и животната средина. За
повеќе информации за тоа каде и како да го фрлате отпадот
од електричната и електронската опрема, контактирајте со
локалните власти, продавачот или службата за фрлање на
отпадот од домаќинствата или посетете ја веб-локацијата
https://consumer.huawei.com/en/.
70

Publicité

loading