SKIL MASTERS 2055 Notice Originale page 105

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 9
- батеријата од никел-металхидрид мора да се чува
засебно од природната животна средина и не
смее да се фрла заедно со редовниот домашен
отпад (симболот 0 ќе ве потсети за ова кога ќе
треба да ја фрлите)
! пред да се фрли акумулаторската батерија во
отпад, заштитите ги нејзините половиprior to
disposal protect battery terminals with heavy
tape to prevent short-circuit
- доколку не го користете уредот подолго време,
извлечете го мрежниот приклучок на полначот од
приклучницата
• Ставање на тубата #
- отворете ја стандардната туба со скалпел
- поставете ја прскалката врз отворената туба
- отсечете барем 2 цм од врвот на прскалката по агол
од 45° така што отворот да биде доволно голем за да
може да се користи при најголемата избрана брзина
- притиснете го прекинувачот A налево
- притиснете го клипот B кон почетната позиција
каде што треба да кликне за да се намести (ако не
слушнете звук на кликнување, тоа значи дека
клипот нема да функционира правилно)
- отворете го капакот на тубата C
- вметнете ја тубата да се намести врз основата на
рамката за носачот D
- затворете го капакот на тубата C
• Вклучување/исклучување $
- притиснете го прекинувачот A надесно за да се
отклучи прекинувачот на чкрапалото E
- вклучете/исклучете ја машината со притискање/
пуштање на чкрапалото E
- алатот се исклучува автоматски кога ќе се
испразни тубата
! обезбедете прекинувачот A да биде поставен
во заклучена позиција по секоја употреба %
• Променлива брзина ^
- протокот на силиконот може да се прилагодува со
тркалото F (6 позиции)
- пред да започнете со работа, најдете ја најдобрата
брзина со тестирање на непотребно парче материјал
! ако алатот не работи со тркалото поставено F
во позиција 1, прилагодувајте ја брзината со
притискање на прекинувачот на чкрапалото E
2 сè додека не го најдете најдобриот проток
• Примена на силиконот &
- проверете дали областа што треба да се залепи е
чиста и сува (отстранете го стариот силикон, ако има)
- откако ќе го притиснете прекинувачот A надесно,
притиснете го чкрапалото E за да почне да тече
силикон
- држете го алатот под агол и внимателно движете
го со рамномерно движење долж отворот/
процепот што треба да се исполни држејќи го
чкрапалото притиснато E
- проверете дали силиконот се нанесува целосно на
двете површини што треба да се залепат
- пуштете го чкрапалото E за да престане да тече
силикон
- притиснете го прекинувачот A налево веднаш
откако ќе го отпуштите чкрапалото E за да
избегнете протекување на силиконот
- поминете со мокар прст долж нанесениот силикон
откако сте го нанеле и употребете чиста, влажна
крпа за да го отстраните вишокот силикон
! отстранете го преостанатиот силикон од
прскалката на тубата и од рамката на носачот
• Електронска заштита од преоптеретување
Автоматски го запира моторот ако се примени многу
притисок врз тубата и на тој начин спречува да се
оштетат алатот и тубата
- пуштете го чкрапалото E
- оставете 5 секунди да се стабилизира електрониката
- притиснете го чкрапалото E
- ако моторот застане одново, поместете го
тркалото F во средната позиција и повторно
притиснете го чкрапалото E
За да избегнете оптоварување, секогаш проверете дали
- врвот на прскалката е отсечен барем 2 цм
- стврднатиот материјал е отстранет од прскалката
- тубата е оштетена или замрзната
- рамката на носачот е без силикон на неа
- е избрана најмалата можна брзина
• Решавање проблеми
во случај ако клипот за потиснување на силиконот B
2 престане да се движи напред
- исклучете го алатот
- извадете ја тубата од рамката на носачот D 2
- притиснете го прекинувачот A 2 налево
! притиснете го клипот B назад кон почетната
позиција за да се намести со тоа што треба да
слушнете звук на кликнување
- ставете ја тубата
- притиснете го прекинувачот A надесно
- притиснете го чкрапалото E 2 за да продолжите
со нанесување силикон
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
• Секогаш одржувајте го чист апаратот и полначот
- исчистете ги контактите на полначот или со
алкохол или со чистач за контакти
! пред чистењето на полначот треба да се
извлече неговиот мрежен приклучок
• Одржувајте ја рамката на носачот D 2 без
преостанат силикон на неа со тоа што ќе го
избришете со чиста и влажна крпа
• Доколку алатот/полначот и покрај внимателното
работење и контрола некогаш откаже, поправката
мора да ја изврши некој овластен SKIL сервис за
електрични алати
- во случај на примедба, испратете го алатот или
полначот нерасклопен, заедно со
сметкопотврдата, до вашиот продавач или
најблискиот SKIL сервис (адресите се наведени на
www.skilmasters.com)
- ако полначот се расипе, испратете ги и полначот и
батеријата на застапникот или во сервис на SKIL
105

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

F0152055 serie

Table des Matières