Помош И Совети - Electrolux 300 Serie Notice D'utilisation

Masquer les pouces Voir aussi pour 300 Serie:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 98
6. ПОМОШ И СОВЕТИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
6.1 Садови за готвење
Кај индукциските рингли се
создава силно
електромагнетно поле кое
создава топлина во садовите
за готвење многу брзо.
Користете ги индуктивните рингли со
соодветни садови за готвење.
• Дното на садовите за готвење треба да
е што е можно подебело и порамно.
• Осигурете се дека дното на тавата е
чисто и суво пред да ја ставите на
површината за готвење.
• За да се избегнат гребнатини, не
лизгајте ја или не тријте ја тавата врз
керамичкото стакло.
Материјал за садови за готвење
• погодно: лиено железо, челик,
емајлиран челик, челик што не
`рѓосува, повеќеслојно дно (означено
како погодно од производителот).
• непогодни: алуминиум, бакар, бронза,
стакло, керамика, порцелан.
Садовите за готвење се погодни за
индукциската површина за готвење
ако:
• водата врие многу брзо на рингла
поставена на највисоката поставка за
јачина на топлината.
• магнетот се привлекува на дното на
садот за готвење.
Димензии на садовите за готвење
• Индукциските рингли автоматски се
приспособуваат на димензиите на
дното на садот.
• Ефикасноста на ринглата е поврзана со
дијаметарот на садот за готвење.
Садот за готвење со помал дијаметар
којшто е помал од минималниот добива
само дел од енергијата којашто ја
испушта ринглата.
Видете во „Технички
податоци".
6.2 Звуци во текот на работата
Ако слушате:
• звук на пукање: садот за готвење е
направен од различни материјали
(сендвич конструкција).
• звук на свиркање: ја користите
ринглата на голема јачина и садовите
за готвење се направени од различни
материјали (сендвич конструкција).
• ѕунење: користите високо енергетско
ниво.
• кликање: се појавува електрично
префрлување.
• пиштење, брмчење: вентилаторот
работи.
Звуците се нормални и не се знак за
неисправност.
6.3 Öko Timer (Еко тајмер)
За зачувување на енергија, грејачот за
ринглата се исклучува пред да се огласи
програматорот за одбројување. Разликата
во времето на работа зависи од нивото на
поставената топлина и должината на
готвењето.
6.4 Примери на апликации за
готвење
Односот меѓу поставката на
температурата и потрошувачката на
струја на ринглата не е линеарен. Кога ќе
ја зголемите температурата,
потрошувачката на струја на ринглата не
се зголемува пропорционално. Тоа значи
дека рингла поставена на средна
температура користи помалку од половина
од моќноста.
Податоците во табелата се
само препорака.
МАКЕДОНСКИ
191

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Eit61443b

Table des Matières