За ова време, температурниот приказ може да се означи
со ~. За време на израмнувањето на сензорот,
термалната слика кратко се замрзнува. При силни
флуктуации на околната температура, овој ефект се
засилува. Затоа, доколку е можно вклучете го мерниот
уред неколку минути пред почеток на мерењето, за да
може термички да се стабилизира.
За исклучување на мерниот уред, повторно притиснете
на копчето за вклучување/исклучување (11). Мерниот
уред ги зачувува сите поставки и тогаш се исклучува. За
сигурен транспорт на мерниот уред, затворете го
заштитното капаче (1).
Во главното мени може да изберете дали и по колку
време автоматски да се исклучи мерниот уред (види
„Главно мени", Страница 245).
Доколку батеријата или мерниот уред се наоѓаат надвор
од границите на температурата наведена во Технички
податоци, тогаш мерниот уред автоматски се исклучува
по кратко предупредување (види „Дефект – причини и
помош", Страница 248). Оставете го мерниот уред да се
истемперира и потоа повторно вклучете го.
Подготовка за мерење
Подесување на степенот на емисија при мерење на
температурата на површини
Степенот на емисија на еден објект зависи од материјалот
и структурата на неговата површина. Тој означува
колкаво инфрацрвено топлинско зрачење оддава
објектот во споредба со идеален топлински емитер (црни
тела, степен на емисија ε = 1) и изнесува вредност
помеѓу 0 и 1.
За одредување на температурата на површината, ќе се
измери бесконтактно природното инфрацрвено
топлинско зрачење, коешто го испраќа целниот објект.
За точни мерења, мора поставениот степен на емисија на
мерниот уред да се провери пред секое мерење и
доколку е потребно за се прилагоди на мерниот објект.
Претходно поставените степени на емисии во мерниот
уред се стандардни вредности.
Може да изберете еден од претходно поставените
степени на емисија или да ја внесете точната бројна
вредност. Поставете го саканиот степен на емисија преку
менито <Мерење> → <Степен на емисија> (види
„Главно мени", Страница 245).
Точни мерења на температурата се можни доколку
u
степенот на емисија и степенот на емисија на
објектот се совпаѓаат.
Колку е понизок степенот на емисија, толку е повисоко
влијанието на рефлетирачката температура на мерниот
резултат. Затоа, секогаш прилагодете ја рефлектирачката
температура при промена на степенот на емисија.
Поставете ја рефлектирачката температура преку менито
<Мерење> → <Рефл. темп.> (види „Главно мени",
Страница 245).
Прикажаните температурни разлики што би требало да
бидат претставени со мерниот уред, може да се
припишат на различни температури и/или различни
Bosch Power Tools
степени на емисија. При мошне различни степени на
емисија, прикажаните температурни разлики може
значително да отстапуваат од реалните.
Доколку повеќе мерни објекти од различен материјал
одн. структура се наоѓаат во мерното подрачје, тогаш
прикажаните температурни вредности се точни само кај
објектот соодветен за поставениот степен на емисија. Кај
сите други објекти (со други степени на емисија),
прикажаните разлики во бои може да се користат како
напомена за температурните односи.
Напомени за мерните услови
Површините со јака рефлексија или сјајните површини
(на пр. сјајни плочки или блескавите метали) можат
многу да ги лажираат или нарушат прикажаните
резултати. По потреба, облепете ја мерната површина со
темна, мат леплива лента, којашто е добар спроводник на
топлина. Оставете ја лентата кратко да се темперира на
површината.
При рефлектирачки површини внимавајте на поволниот
мерен агол, за да не се лажира резултатот поради
рефлектираното топлинско зрачење од другите објекти.
На пример, при вертикални мерења од предната страна,
рефлексијата на Вашата сопствена телесна топлина што
ја зрачите може да го наруши мерењето. Кај рамна
површина може да се прикажат контурите и
температурата на Вашето тело (рефлектирачка
вредност), кои не одговараат на фактичката температура
на измерената површина (одредена одн. реална
вредност на површината).
Мерењето низ транспарентни материјали (на пр. стакло
или транспарентна пластика) не е возможно.
Поради тоа мерните резултати ќе бидат попрецизни и
посигурни доколку се подобри и постабилни мерните
услови. Притоа, не се релевантни само силните
температурни флуктуации на условите на животната
средина, туку и силните флуктуации на температурите на
измерените објекти може да ја нарушат точноста.
Инфрацрвеното мерење на температурата се попречува
поради чад, пареа/висока влажност на воздухот или
правлив воздух.
Напомени за подобра точност на мерењето:
– Одете колку што е можно поблиску до мерниот објект
за да се минимизираат факторите на попречување
меѓу Вас и мерната површина.
– Пред мерењето проветрете ја внатрешноста, особено
ако воздухот е загаден или има многу пареа. По
проветрувањето оставете ја просторијата некое време
да се истемперира, додека не се постигне
вообичаената температура.
Македонски | 243
1 609 92A 4UF | (14.01.2021)