304 | Македонски
Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од
преградата за батерии.
Доколку не сте го користеле мерниот уред подолго време, извадете ги
u
батериите од него. Доколку се подолго време складирани, батериите може да
кородираат и да се испразнат.
Никогаш не го складирајте мерниот уред без вметнат поклопец на преградата
за батерии (13) или литиум-јонскиот батериски пакет (19) (опрема), особено
во околина со прашина или влага.
Литиум-јонски батериски пакет (опрема)
Вметнување/менување на литиум-јонски батериски пакет
(опрема)
Вметнете го литиум-јонскиот батериски пакет (19) (опрема).
За да го извадите литиум-јонскиот батериски пакет (19) (опрема) притиснете го
механизмот за фиксирање (20) и извадете го литиум-јонскиот батериски пакет.
(види Сл. A, Страница 5)
Полнење на литиум-јонскиот батериски пакет (опрема)
За полнење, користете USB мрежен напојувач, чии технички податоци (напон и
u
струја за полнење) одговараат на препорачаните мрежни напојувачи. Притоа
внимавајте на упатството за користење на USB-мрежниот напојувач.
Препорачан мрежен напојувач: види технички податоци.
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да
u
одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на мрежниот
напојувач. Мрежните напојувачи означени со 230 волти исто така може да се
користат и на 220 волти.
Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети поради
интернационалните прописи за транспорт. За да се обезбеди целосна моќност
на батеријата, целосно наполнете ја батеријата пред првата употреба.
За дополнителни информации посетете го онлајн упатството за користење:
www.bosch-pt.com/manuals
1 609 92A 4ZL | (04.08.2021)
Bosch Power Tools