Политика за приватност
За да разберете подобро како ги штитиме вашите лични информации, погледнете ја политиката за приватност на https://
consumer.huawei.com/privacy-policy.
Работа и безбедност
•
Користењето неодобрен или некомпатибилен адаптер за напојување, полнач или батерија може да предизвика пожар, експлозија или
друга опасност.
•
Идеални температури се од 5°C до 40°C.
•
Чувајте ги уредот и батеријата подалеку од прекумерна топлина и директна сончева светлина. Не ставајте ги на уреди за затоплување или
во уреди за затоплување, како што се микробранови печки, шпорети или радијатори. Не расклопувајте ја, не изменувајте ја, не фрлајте ја
и не гмечете ја батеријата. Не ставајте туѓи тела во неа, не потопувајте ја во течности и не изложувајте ја на надворешна сила или
притисок бидејќи тоа може да предизвика истекување, прегревање и запалување, па дури и да експлодира.
•
Консултирајте се со доктор и со производителот на уредот за да определите дали работата на уредот може да влијае врз работата на
вашиот медицински уред.
•
Овој производ не е дизајниран да биде медицински уред и не е наменет за дијагностицирање, третман, лекување или спречување каква
било болест. Сите податоци и мерења треба да се користат само за информативна намена.
•
Производот е соодветен за секојдневно користење, особено за луѓе кои сакаат да дознаат повеќе за својата тежина, формата на телото,
маснотиите во телото и мускулната маса. Добиените податоци се само за лична информација и не се наменети за медицинско лекување,
ниту да претставуваат основа за медицинска дијагноза и не треба да се користат во клиники или медицински институции како што се
болници.
•
Овој уред може да го користат деца од 8 години и постари. Деца помали од 8 години или луѓе со намалени физички, сензорни и
ментални способности или со недостаток на искуство и познавање на овој уред треба да го користат овој уред според упатства засновани
на јасно разбирање на опасностите што може да постојат.
•
Децата не смеат да си играат со уредот, да го чистат или да го поправаат.
•
Чистењето и корисничкото одржување не смеат да го прават деца без надзор.
•
Се препорачува надзор од возрасно лице ако овој производ го користат деца или доаѓаат во контакт со него.
•
Исклучете го безжичниот уред кога ќе се побара од вас додека сте во болници, клиники или други здравствени установи. Целта на овие
барања е да се спречи можна интерференција со чувствителна медицинска опрема.
•
Некои безжични уреди може да влијаат врз работата на помагалата за слушање или пејсмејкерите. Контактирајте со давателот на
услугата за повеќе информации.
•
Производителите на пејсмејкери препорачуваат да се одржува растојание од најмалку 15 cm помеѓу уредот и пејсмејкерот за да се спречи
потенцијална интерференција со пејсмејкерот.
•
Почитувајте ги локалните закони и прописи додека го користите уредот. За да го намалите ризикот од незгоди, не користете го
безжичниот уред додека возите.
•
За да спречите оштетување на деловите од уредот или внатрешните електрични кола, не користете го во прашлива, зачадена, влажна
или нечиста околина или во близина на магнетни полиња.
•
Не користете го, не складирајте го и не пренесувајте го уредот на места каде што се складираат запаливи материјали или експлозиви (на
бензинска пумпа, склад за нафта или хемиски погон, на пример). Користењето на уредот во таква средина го зголемува ризикот од
експлозија или пожар.
•
Фрлете ги уредот, батеријата и додатоците според локалните прописи. Не треба да се фрлаат во нормалниот отпад од домаќинствата.
Неправилната употреба на батериите може да предизвика пожар, експлозија или други опасни ситуации.
•
Ако батеријата протече, внимавајте електролитот да не дојде во директен контакт со кожата или очите. Ако електролитот дојде во допир
со кожата или ви прсне во очите, веднаш исплакнете со чиста вода и консултирајте се со доктор.
•
Батериите што не се наменети за полнење не треба да се полнат.
•
Батериите што се наменети за полнење треба да се отстранат од уредот пред полнењето.
•
Различни типови батерии или нови и користени батерии не е дозволено да се користат заедно.
•
Батериите треба да се монтираат со правилниот поларитет.
•
Празните батерии треба да се отстранат од уредот и безбедно да се фрлат.
•
Отстранете ги батериите ако уредот нема да се користи долг период.
•
Внимавајте на појава на краток спој во напојувањето.
•
Безжичните уреди може да му пречат на системот за летање на авионите. Не користете го уредот на места каде што не е дозволено
користење безжични уреди според прописите на авиокомпанијата.
•
Исклучете го безжичниот уред секогаш кога ќе се побара од вас од персоналот на аеродромот или од екипажот во авионот. Консултирајте
се со персоналот на екипажот во авионот околу користењето безжични уреди во авионот, а ако вашиот уред има „авионски режим", тој
мора да биде овозможен пред да влезете во авионот.
Информации за фрлање и рециклирање
Симболот со пречкртана канта за ѓубре со тркала на производот, батеријата, литературата или амбалажата ве потсетува дека сите
електронски производи и батерии мора да се однесат во посебни места за собирање отпад по крајот на нивниот работен век. Тие не смеат
да се фрлаат во нормалниот отпад заедно со отпадот од домаќинствата. Корисникот е одговорен да ја фрли опремата на соодветно место
или кај служба за собирање за посебно рециклирање на отпадната електрична и електронска опрема (WEEE) и батерии според локалните
закони.
Правилното собирање и рециклирање на опремата помага да се обезбеди дека отпадот од електричната и електронската опрема (ЕЕЕ) ќе
се рециклира на начин што ги зачувува вредните материјали и го заштитува здравјето на луѓето и околината. Неправилното ракување,
случајното кршење, оштетување и/или неправилното рециклирање на крајот од работниот век може да биде штетно за здравјето и
околината. За повеќе информации за тоа каде и како да го фрлате отпадот од електричната и електронската опрема, контактирајте со
локалните власти, продавачот или службата за фрлање на отпадот од домаќинствата или посетете ја веб-локацијата
https://consumer.huawei.com/en/.
63