Совети При Работењето - Bosch GWS 710 Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GWS 710 Professional:
Table des Matières

Publicité

OBJ_BUCH-2565-002.book Page 217 Monday, August 29, 2016 2:42 PM
 Држете го уредот само за изолираните дршки 21 и
дополнителната дршка 3. Алатот за вметнување
може да дојде во контакт со скриени струјни кабли
или сопствениот кабел. Контактот со струјниот кабел
може металните делови на уредот да ги стави под напон
и да доведе до електричен удар.
При работа на електричниот апарат со мобилни
произведувачи на струја (генератори), кои не располагаат
со доволно резерви на јачина, одн. не располагаат со
соодветна регулација на јачина, може да дојде до губење
на јачината или нетипично однесување при вклучување.
Ве молиме внимавајте на погодноста на производителот
на струја, особено во поглед на мрежниот напон и
фреквенција.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат, лизнете
го прекинувачот за вклучување/исклучување 2 нанапред.
За фиксирање на прекинувачот за вклучување/
исклучување 2 притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 2 нанапред надолу додека не се
вклопи.
За да го исклучите електричниот апарат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 2 одн. доколку
тој е блокиран, кратко притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 2 наназад надолу и потоа
ослободете го.
 Пред употребата проверете ги алатите за брусење.
Алатот за брусење мора да биде монтиран
беспрекорно и да може слободно да се врти.
Направете проба од најмалку една минута 1, без да
го користите апаратот на материјал. Не користете
оштетени, нетркалезни или алати за брусење што
вибрираат. Оштетените алати за брусење може да
пукнат и да предизвикаат повреди.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Исклучување при повратен удар (GWS 750-100 I)
При ненадеен пад на бројот на вртежи, на
пр. блокирање на резот при сечење,
доводот на струја до моторот електронски
ќе се прекине.
За повторно вклучување прекинувачот
за вклучување/исклучување 2 ставете го
во положба Исклучено и одново вклучете
го електричниот апарат.
Заштита од рестартирање (GWS 700/GWS 710(115)/
GWS 750/GWS 750-100 I)
Заштитата од рестартирање го спречува
неконтролираното вклучување на електричниот апарат по
прекин на струја.
За повторно вклучување прекинувачот за
вклучување/исклучување 2 ставете го во положба
Исклучено и одново вклучете го електричниот апарат.
Bosch Power Tools
Ограничување на стартната струја (GWS 750-100 I)
Електронското ограничување на стартната струја ја
ограничува јачината на струјата при вклучување на
електричниот апарат и овозможува работа на 16-A-
осигурувач.
Совети при работењето
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 Внимавајте на процепите во носечките ѕидови
„Напомени за статика".
 Затегнете го делот што се обработува, доколку не
налегнува сигурно со својата тежина.
 Не го оптоварувајте многу електричниот апарат,
додека не дојде во состојба на мирување.
 По силното оптоварување, оставете го електричниот
апарат уште неколку минути во празен од, за да се
излади.
 Не ги допирајте брусните плочи и брусните плочи за
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
 Електричниот апарат не го користете со пулт за
сечење.
Грубо брусење
 Никогаш не ги користите брусните плочи за сечење
за грубо брусење.
Со подесување на аголот од 30° до 40° при грубо брусење
ќе добиете најдобри резултати при работењето.
Поместувајте го електричниот апарат со притисок наваму-
натаму. Притоа, делот што се обработува нема да се
вжешти, да се офарба и нема да има бразди.
Ламелеста брусна плоча во вид на лепеза
Со ламелестата брусна плоча во вид на лепеза (опрема)
може да обработувате заоблени површини и профили.
Ламелестите брусни плочи во вид на лепеза имаат подолг
рок на употреба, пониско ниво на бучава и пониски
температури при брусењето отколку вообичаените
брусни плочи.
Сечење на метал
 При сечењето со композитни брусни средства
секогаш користете ја заштитната хауба за сечење
14.
При сечењето со брусни плочи секогаш работете со
умерено поместување нанапред по материјалот. Не
правете притисок на брусната плоча за сечење, не одете
во агли и не осцилирајте.
Не ги кочете брусните плочи за сечење со страничен
притисок.
Македонски | 217
1 609 92A 36R | (29.8.16)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières