Bosch GWS 880 Professional Notice Originale page 195

Masquer les pouces Voir aussi pour GWS 880 Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 22
OBJ_BUCH-3022-001.book Page 195 Tuesday, August 22, 2017 11:29 AM
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова
може значително да го зголеми оптоварувањето со
вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога
е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и
алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Монтажа
Монтирање на заштитните уреди
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Напомена: По кршењето на брусната плоча за време на
работата или при оштетување на уредот за прифат на
заштитната хауба/електричниот апарат, електричниот
апарат мора да се прати во сервисната служба, за
адресата погледнете во делот „Сервисна служба и совети
при користење".
Заштитна хауба за брусење
Ставете ја заштитната хауба 6 на грлото на вретеното.
Подесете ја позицијата на заштитната хауба 6 според
потребите на работниот процес. Фиксирајте ја заштитната
хауба 6 така што ќе ја затегнете завртката за фиксирање 7
со комбиниран клуч 4.
 Поставете ја заштитната хауба 6 на тој начин што ќе
го спречи летањето на искри во правец на лицето
што ја користи.
Совет: Кодираните запци на заштитната хауба 6
гарантираат, дека на електричниот апарат може да се
монтира само една заштитна хауба што му одговара.
Заштитна хауба за сечење
 При сечењето со композитни брусни средства
секогаш користете ја заштитната хауба за сечење
13.
 При сечењето во камен погрижете се за доволно
вшмукување на правта.
Заштитната хауба за сечење 13 се монтира како заштитна
хауба 6 за брусење.
Дополнителна дршка
 Користете го вашиот електричен апарат само со
дополнителна дршка 3.
Зашрафете ја дополнителната дршка 3 на десно или на
лево на погонската глава во зависност од начинот на
работа.
Bosch Power Tools
Заштита за дланките
 При работа со гумен диск 16 за брусење или со
лончеста четка/четка во вид на плоча/ламелести
брусни дискови во вид на лепеза секогаш користете
ја заштитата за дланки 15.
Зацврстете ја заштитата за дланки 15 со дополнителната
дршка 3.
Монтирање на брусни алати
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 Не ги допирајте брусните плочи и брусните плочи за
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Исчистете го вретеното за брусење 5 и сите делови што
треба да се монтираат.
За зацврстување и олабавување на брусните апарати
притиснете го копчето за блокирање на вретеното 1, за да
го зацврстите вретеното за брусење.
 Копчето за блокирање на вретеното активирајте го
само доколку вретеното за брусење е во состојба на
мирување. Инаку електричниот апарат може да се
оштети.
Брусни плочи/брусни плочи за сечење
Внимавајте на димензиите на брусните апарати.
Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната
прирабница. Не користете адаптери или редуктори.
При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење
внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на
дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со
правецот на вртење на електричниот апарат (погледнете
ја стрелката за правец на вртење на погонската глава).
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
За прицврстување на брусната плоча/брусната плоча за
сечење ставете ја затегнувачката навртка 10 и затегнете ја
со комбиниран клуч 4, погледнете во делот
„Брзозатегнувачка навртка".
 По монтажата на брусниот апарат, пред
вклучувањето, проверете дали брусниот апарат е
точно монтиран и дали може слободно да се врти.
Проверете дали брусниот апарат не струга на
заштитната хауба или другите делови.
Приклучна прирабница за
брусното вретено M 14: Во
приклучната прирабница 8 околу
централниот венец е ставен
пластичен дел (O-прстен). Доколку
недостига O-прстенот или е
оштетен, приклучната прирабница 8
мора да се замени пред понатамошна
употреба.
Македонски | 195
1 609 92A 3FT | (22.8.17)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières