Bosch GAS 35 L AFC Professional Notice Originale page 169

Masquer les pouces Voir aussi pour GAS 35 L AFC Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 22
OBJ_BUCH-1746-002.book Page 169 Tuesday, July 23, 2013 1:17 PM
Вметнување на вреќичката за отпад
– Отворете ги затворачите 11 и извадете го горниот дел
на вшмукувачот 10.
– Ставете ја вреќичката за отпад 23 со отворот за
полнење нанапред во контејнерот 1.
– Навлечете го отворот за полнење на приклучната
прирабница до крај.
– Проверете дали вреќичката за отпад 23 целосно лежи
на внатрешните ѕидови на контејнерот 1 .
– Наместете го остатокот од вреќичката за отпад 23 над
површината на контејнерот 1.
– Вратете го на место горниот дел на вшмукувачот 10 и
затворете ги затворачите 11.
Извадете ја вреќичката за отпад и затворете
– Отворете ги затворачите 11 и извадете го горниот дел
на вшмукувачот 10.
– Извлечете ја полната вреќичка за отпад 23 од
приклучната прирабница наназад.
– Внимателно извадете ја вреќичката за отпад 23, без да
ја оштетите, од вшмукувачот.
Внимавајте на тоа, вреќичката за отпад да не стрчи на
приклучната прирабница или на другите остри
предмети.
– Извлечете го поклопецот со лепливи ленти и залепете ја
вреќичката за отпад.
Потоа прикачете ја вреќичката за отпад 23 под отворот
за полнење со извадениот поклопец со лепливи ленти.
Менување/вметнување на вреќичката за прав
(опрема)
– Отворете ги затворачите 11 и извадете го горниот дел
на вшмукувачот 10.
– Извлечете ја полната вреќичка за прав од приклучната
прирабница наназад. Затворете го отворот на
вреќичката за прав со затворање на капакот. Извадете
ја затворената вреќичка за прав од вшмукувачот.
– Наместете ја новата вреќичка за прав на приклучната
прирабница на вшмукувачот. Проверете дали
вреќичката за прав по целата должина налегнува на
внатрешниот ѕид од контејнерот 1 .
– Вратете го на место горниот дел на вшмукувачот 10 и
затворете ги затворачите 11.
Местење на гумената лента (Вшмукување на
влажни материјали) (види слика E)
Напомена: Барањето за степен на пропустливост (класа
на прав L) е утврдено само за вшмукување на суви
материјали.
– Извадете ги четките 27 со соодветен алат од подната
млазница 28.
– Поставете ја гумената лента 26 во подната млазница 28.
Напомена: Структурираната страна на гумената лента
мора да покажува нанадвор.
Прикачување на L-Boxx (види слика F)
За транспорт на вшмукувачот и за заштеда на простор при
складирање на опремата на вшмукувачот и/или
Bosch Power Tools
електричниот апарат, може да прикачите L-Boxx на
горниот дел од вшмукувачот.
– Прикачете ја L-Boxx на држачите 9.
 Не го носете вшмукувачот на рачката за носење на
прикачената L-Boxx. Вшмукувачот е претежок за
рачките за носење на L-Boxx. Постои опасност од
повреда и оштетување.
Употреба
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
вшмукувачот. Електричните уреди означени со
230 V исто така може да се користат на 220 V.
 Ве молиме информирајте се за важечките
одредби/закони во вашата земја во врска со
постапувањето со честички прав што се штетни по
здравјето.
Вшмукувачот може да се користи за вшмукување и
издувување на следните материјали:
– Прав со гранична вредност на изложеност > 1 mg/m
Во основа, вшмукувачот не смее да се користи во
простории каде постои опасност од експлозија.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го вшмукувачот
само доколку го користите.
За да се овозможи оптимален капацитет на вшмукување,
мора целосно да го одвиткате цревото за вшмукување 21
од горниот дел на вшмукувачот 10.
Вшмукување на суви материјали
Вшмукување на наталожена прав
– За да го вклучите, вшмукувачот,
прекинувачот за избор на начин на работа 6
поставете го на ознаката „Вшмукување".
– За да го исклучите, вшмукувачот,
прекинувачот за избор на начин на работа 6
поставете го на ознаката „Исклучување".
Вшмукување на правта што се создава додека работат
електричните апарати (види слика G)
 Мора да постои доволен степен на проток на воздух
(L) во просторот, бидејќи издувниот воздух се враќа
во просторијата. Внимавајте на односните прописи
во земјата.
Во вшмукувачот има вградено шуко приклучница 4. Таму
може да приклучите надворешен електричен апарат.
Внимавајте на максимално дозволената приклучна моќ на
електричниот апарат што се приклучува.
– Монтирајте го муфот 20 (види „Монтирање на муфот",
страна 168).
– Прикачете го муфот 20 на млазниците за вшмукување
на електричниот апарат.
Македонски | 169
3
1 609 92A 0D1 | (23.7.13)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières