OBJ_BUCH-2941-001.book Page 123 Friday, August 12, 2016 8:26 AM
Сервис
Поправката на Вашиот електричен апарат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на
оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на електричниот
апарат.
Безбедносни напомени за брусилки
Користете го електричниот уред само за суво
брусење. Навлегувањето на вода во електричниот
уред го зголемува ризикот од електричен удар.
Внимание, постои опасност од пожар! Избегнувајте
прегревање на парчето што се бруси и брусилката.
Пред да направите пауза во работата, секогаш
испразнете го резервоарот за прав. Правта од
брусењето, микро честичките, хартиената кеса (или
филтер-кесата одн. филтерот на вшмукувачот за прав)
можат самите да се запалат при неповолни услови, како
на пр. летање на искри при брусење на метали.
Особена опасност постои, доколку правта од
брусењето се измеша со остатоци од лак, полиретан
или други хемиски материјали и доколку парчето што
се бруси се вжешти по долготрајна работа.
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од
експлозија.
Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
производ од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Bosch Power Tools
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за суво брусење и
полирање на дрво, пластика, шпахтел маса како и
лакирани површини. Особено е погоден за профили,
ќошеви или тешко достапни места.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Приказ за наполнетост на акумулаторот/приказ за
преоптоварување
2 Прекинувач за вклучување/исклучување
3 Батерија *
4 Копче за отклучување на батеријата *
5 Лист за брусење*
6 Основна брусна плоча
7 Рачка (изолирана површина на дршката)
8 Млазници за издувување
9 Поклопец за заштита од прав
10 Адаптер за вшмукување*
11 Црево за вшмукување*
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Батериска мултифункционална
брусилка
Број на дел/артикл
Номинален напон
Број на празни вртежи
Број на осцилации во празен од min
Површина на брусниот лист
Дијаметар на кругот на
осцилирање
Тежина согласно EPTA-
Procedure 01:2014
Дозволена температура на
околината
– при полнење
*
– при работа
и при складирање
Препорачани батерии
Препорачани полначи
* ограничена јачина при температури <0 °C
Информации за бучава/вибрации
Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност
со EN 60745-2-4.
Нивото на звучниот притисок на уредот, оценето со A,
типично е помало од 70 dB(A). Несигурност K =3 dB.
Нивото на звучниот притисок при работењето може да
пречекори и 80 dB(A).
Носете заштита за слухот!
Македонски | 123
EasySander 12
3 603 J76 9..
V=
10,8–12
-1
min
11000
-1
22000
2
см
104
мм
1,2
кг
0,70
°C
0 ... +45
°C
–20 ... +50
PBA 10,8V...
PBA 12V...
AL 11.. CV
1 609 92A 32J | (12.8.16)