Ставање Во Употреба; Совети При Работењето - Bosch GSC 12V-13 Professional Notice Originale

Cisaille à tôle sans fil
Masquer les pouces Voir aussi pour GSC 12V-13 Professional:
Table des Matières

Publicité

нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
Полнење на батеријата
Користете ги само полначите коишто се наведени
u
во техничките податоци. Само овие уреди за
полнење се погодни за литиум-јонската батерија за
Вашиот електричен уред.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред
првата употреба ставете ја на полнач додека не се
наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
По автоматското исклучување на електричниот
u
алат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Вадење на батеријата
За да ја извадите батеријата (2) притиснете на копчињата
за отворање на батеријата (1) и извлечете ја батеријата
од електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетост на батеријата
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост
на батеријата (4) ја покажуваат состојбата на наполнетост
на батеријата (2). Од безбедносни причини, состојбата на
наполнетост на батеријата може да ја проверите само
доколку електричниот алат е во мирување.
За да ја прикажете состојбата на наполнетост, притиснете
го копчето за приказ за наполнетоста (3) на исклучениот
електричен алат и држете го притиснато.
LED светилки
Трајно светло 3× зелено
Трајно светло 2× зелено
Трајно светло 1× зелено
Трепкаво светло 1× зелено
Bosch Power Tools
Работа
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Поставете ја наполнетата батерија (2) во прифатот за
батерија, додека не слушнете дека е вклопена и
блокирана.
Вклучување/исклучување
За Вклучување на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (5) нанапред,
така што на прекинувачот ќе се појави I.
За Исклучување на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (5) наназад,
така што на прекинувачот ќе се појави 0.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Електричниот алат не е погоден за стационарна
u
употреба. Тој не смее на пр. да се прицврстува на
менгеме или на работна клупа.
Носете заштитни ракавици при работата.
u
Внимавајте исечените делови од лимот да не ги
свиткате во правец на телото или струјниот кабел.
На исечените лимови се создаваат остри рабови, на
кои може да се повредите или да го оштетите струјниот
кабел. Доколку е потребно, тргнете ги свитливите
делови од лимот настрана од телото со заштитни
ракавици.
Доколку е вклучен, не го водете електричниот апарат
директно кон делот што се обработува.
Капацитет
Држете го електричниот алат навален под агол од 80° до
≥66 %
90° кон површината на лимот и не го навалувајте на
≥33 %
страна.
Водете го електричниот алат рамномерно со лесен
<33 %
притисок во правецот на сечење. Пресилната брзина
Резерва
значително го намалува рокот на употреба на
електричниот алат и му штети на истиот.
При сечење на криви линии особено внимавајте да не го
навалувате електричниот апарат на страна и работете со
мал притисок.
Македонски | 127
80–90°
1 609 92A 509 | (02.12.2019)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gus 12v-300 professionalGus 12v-300 professional solo06019b290406019b2901

Table des Matières