OBJ_BUCH-268-005.book Page 153 Tuesday, August 23, 2016 8:57 AM
12
Со помош на вртливото копче 8 поставете го саканото
растојание на висинската скала 4. Потоа затегнете го
затегнувачкиот лост 12.
За да се позиционира жлебот во средината на делот што се
обработува, мора да го поставите граничникот подеслив
по висина на половина од дебелината на делот што се
обработува.
Пример: При 18 mm дебелина на делот што се
обработува, поставете ја висинската скала на 9 mm.
За да го извадите граничникот подеслив по висина 9
олабавете го затегнувачкиот лост 12 и одвртете го
граничникот со вртливото копче 8 нагоре од аголниот
граничник 17.
Подесување на аголот на глодање
Аголниот граничник 17 овозможува едноставно глодање
на закосувања.
За да го поместите аголниот граничник 17 олабавете го
затегнувачкиот лост 3. Навалете го аголниот граничник,
додека не се постави саканиот агол на аголната скала 5 (на
0°, 45° и 90° се наоѓаат точките за фиксирање). Потоа
затегнете го затегнувачкиот лост 3.
Внимавајте на тоа, по поместувањето на аголот на
глодање, ниту граничникот подеслив по висина 9
ниту насадната плоча 16 да не се најдат во излезното
поле на плочестото глодало. Заради проверка
притиснете го излезот на глодалото, додека
електричниот апарат е исклучен, на пр. на работ на
масата, додека не се види плочестото глодало.
Максимално извлеченото глодало не смее да го допира
граничникот подеслив по висина 9 одн. насадната
плоча 16.
Bosch Power Tools
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
4
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 волти исто така може да се користат и на
220 волти.
Електричниот апарат смее да се вклучи, доколку
основната плоча 33 е фиксирана со завртката за
8
затворање 32 и сигурносната подлошка 31.
Пред вклучувањето, проверете дали автоматското
9
враќање на моторната единица функционира
беспрекорно. Притиснете го излезот на глодалото на
пр. на раб на маса, додека не се види плочестото
глодало. Доколку притисокот е опуштен, плочестото
глодало мора целосно да се врати во основната плоча.
Вклучување/исклучување
За вклучување на електричниот апарат притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување 2 нанапред, а
за фиксирање притиснете го нанапред надолу.
За исклучување на електричниот апарат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 2 наназад,
така што тој ќе отскокне во првобитната позиција.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Совети при работењето
При работата, држете го електричниот апарат
цврсто со двете дланки и застанете во сигурна
положба. Со електричниот апарат посигурно ќе
управувате ако го држите со двете дланки.
Не посегајте со дланките во полето на глодање и
плочестото глодало.
3
17
При работата, со едната рака држете ја рачката 1, а со
другата дополнителната дршка 15.
Доколку е вклучен, не го водете електричниот
апарат директно кон делот што се обработува. Инаку
постои опасност од повратен удар, доколку алатот што
се вметнува се заглави во делот што се обработува.
Процесот на глодање вршете го со константна брзина.
Утврдување на позицијата на глодање
Вертикалната средишна ознака 11 на аголниот и
висинскиот граничник ја покажува средината на
глодањето (вертикално на плочестото глодало).
Максималната ширина на глодање се прикажува преку
двете ознаки 10 на граничникот подеслив по висина 9.
При висинското позиционирање помага хоризонталната
средишна ознака 6 на основната плоча, којашто ја
покажува хоризонталната средина на плочестото глодало.
Македонски | 153
1 609 92A 37F | (23.8.16)