Bosch GFF 22 A Professional Notice Originale page 151

Masquer les pouces Voir aussi pour GFF 22 A Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 20
OBJ_BUCH-268-005.book Page 151 Tuesday, August 23, 2016 8:57 AM
Информации за бучава/вибрации
Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност
со EN 60745-2-19.
Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува:
ниво на звучен притисок 87 dB(A); ниво на звучна јачина
98 dB(A). Несигурност K=3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a
h
трите насоки) и несигурност K дадени се во согласност со
EN 60745:
2
2
a
<2,5 m/s
, K=1,5 m/s
.
h
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е
измерено со нормирана постапка според EN 60745 и
може да се користи за меѓусебна споредба на
електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на
електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се
користи за други примени, со различна опрема, алатот
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова
може значително да го зголеми оптоварувањето со
вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога
е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и
алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Изјава за сообразност
Изјавуваме на сопствена одговорност, дека производот
опишан во „Технички податоци" соодветствува на сите
применливи одредби од директивите 2011/65/EU,
2014/30/EU, 2006/42/EC вклучително нивните измени и
е сообразен со следните норми: EN 60745-1,
EN 60745-2-19, EN 50581.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch Power Tools GmbH, PT/ETM9,
70538 Stuttgart, GERMANY
Henk Becker
Helmut Heinzelmann
Executive Vice President
Head of Product Certification
Engineering
PT/ETM9
Robert Bosch Power Tools GmbH
70538 Stuttgart, GERMANY
Stuttgart, 01.01.2017
Bosch Power Tools
Монтажа
Ставање/менување на плочестото глодало
(види слики A–B)
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
(векторски збор на
 При користење и менување на плочестите глодала
се препорачува носење на заштитни ракавици.
 Заштитете ги плочестите глодала од потреси и
удари.
Електричниот апарат смее да се употребува исклучиво со
плочести глодала од Bosch 3 608 641 013.
Употребувајте само беспрекорни и чисти плочести
глодала.
– Доколку е потребно поставете го аголниот граничник
17 на 0° (види „Подесување на аголот на глодање",
страна 153) и граничникот подеслив по висина 9 на
максимална висина (види „Подесување на граничникот
подеслив по висина", страна 152).
– Свртете го електричниот апарат со основната плоча 33
нагоре.
– Олабавете ја завртката за затворање 32 со околу
3 вртења.
Напомена: Не ја одвртувајте завртката за затворање
32 сосема, бидејќи сигурносната подлошка 31 може да
се изгуби. Без сигурносната подлошка, основната
плоча 33 не може да се блокира.
– Отворете ја основната плоча 33 нагоре. Држете го
електричниот уред, така што основната плоча нема да
се врати назад.
– Притиснете го копчето за блокада на вретеното 14 и
држете го притиснато.
– Олабавете ја затезната навртка 24 со испорачаниот
клуч за две дупки 23 и извадете ја.
– Доколку е потребно, извадете го плочестото глодало 25
и исчистете го.
– Доколку е потребно, извадете ја приклучната
прирабница 28 и исчистете ја.
– Поставете ја приклучната прирабница 28 на вретеното
на глодалото 29, така што венецот за центрирање 27
(дијаметар 22 mm) ќе лежи на горната страна.
Приклучната прирабница мора да се вклопи на двата
раба на вретеното за глодање (блокада на вртењето).
– Поставете го чистото плочесто глодало 25, како што е
прикажано на сликата, на приклучната прирабница 28,
така што стрелката за правец на вртење 26 ќе може да
се види на плочестото глодало и ќе се усогласи со
стрелката за правец на вртење на вретеното на
глодалото 30. Отворот за прифат на плочестото
глодало мора да се вклопи во венецот за центрирање
27 на приклучната прирабница.
– Завртете ја затегнувачката навртка 24 на вретеното на
глодалото 29. Затегнете ја затегнувачката навртка,
додека го притискате копчето за блокада на вретеното
14, со клучот за две дупки 23.
Македонски | 151
1 609 92A 37F | (23.8.16)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières