Clean Air Optima CA-510Pro Mode D'emploi page 180

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 55
Замена на филтри
Интелигентниот прочистувач на воздух Clean Air Optima CA-510Pro е опремен
со механизам за следење на животниот век на филтерот, кој сигнализира дека филтрите
треба да се заменат по 2.000 работни часови. За да се покаже дека композитните филтри
(HEPA + филтерот со активиран јаглен) треба да се заменат, прочистувачот на воздухот
ја активира индикаторската сијаличка со трепкање. Тајмерот за композитниот филтер
се ресетира со притискање и држење на копчињата „Speed" и „Timer" (околу 3 секунди).
Ако индикаторската сијаличка се изгасне, значи дека тајмерот е успешно ресетиран.
Во зависност од употребата, композитните филтри (HEPA + филтер со активен јаглен)
имаат животен век од приближно 6-8 месеци.
Чистење филтер
Најдобриот ефект се постигнува ако ги чистите филтрите еднаш месечно. Ако внатрешниот
воздух е исклучително загаден, може да е потребно поголемо чистење.
Исчистете го пред-филтерот и HEPA филтерот со четка или со правосмукалка. На тој
начин можете да ги отстраните од филтерот поголемите честички прав, како влакненцата
од ткаенини, косата и првутот од миленичиња.
Предупредување! Немојте да ги мокрите или плакнете композитните филтри
(HEPA + филтерот со активен јаглен) со вода.
Знаци за искористени филтри
Зголемен звук, намален проток на воздух, затнати филтри, зголемено присуство на мириси.
Филтерот треба да се замени со нов кога HEPA филтерот ќе ја смени бојата од бела во сива
или црна. Ако HEPA-филтерот е бел, НЕМА потреба од замена.
Како да нарачате филтри:
Контактирајте ја службата за корисници на Clean Air Optima,
тел. + 31 (0) 742670145 или посетете ја нашата интернет-продавница:
https://www.cleanairoptima.com/accessoires/mg/44/
180

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières