Bosch GPB 18V-2 C Professional Notice Originale page 186

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 21
186 | Македонски
радиото менува на станицата зачувана во последно
користениот режим на работа на радиото.
Репродукција/управување на надворешни аудио
извори преку Bluetooth®
За репродукција на аудио извор (на пр. паметен
телефон) преку Bluetooth®, или притискајте го копчето
Source (7) додека не се појави приказот Bluetooth® (a) на
екранот или независно од актуелниот аудио извор кратко
притиснете го копчето Bluetooth® (11).
За време на воспоставувањето врска одн.
пребарувањето врска, трепка приказот Bluetooth® (a).
GPB 18V‑2 SC: на мултифункционалниот приказ (k) се
појавува <Pairing>.
– Ако радиото е веќе поврзано со надворешен аудио
извор преку Bluetooth® и ако овој аудио извор е
достапен, тогаш автоматски се воспоставува врска со
овој аудио извор.
– Ако нема достапен зачуван аудио извор, процесот на
пребарување е започнат. Активирајте ја новата врска
преку надворешен аудио извор. На паметните
телефони тоа обично е можно во рамките на
поставките во менито Bluetooth®. Радиото се појавува
како достапен извор под името GPB 18V‑2 C xxxx одн.
GPB 18V‑2 SC xxxx. Следете го упатството за
користење на Вашиот аудио извор/Вашиот паметен
телефон.
– Доколку врската со аудио изворот преку Bluetooth®
заврши и се бара нов аудио извор (PAIRING), држете
притиснато на копчето Bluetooth® (11) подолго од
0,5 s. Активирајте ја врската како што е погоре
опишано.
Доколку некој аудио извор е поврзан преку Bluetooth®,
приказот Bluetooth® (a) свети постојано.
GPB 18V‑2 SC: Името на уредот поврзан преку Bluetooth®
се прикажува во горниот дел од мултифункционалниот
приказ (k). Во долниот дел се прикажува пренесениот
текст од поврзаниот уред.
Доколку не може да се воспостави врска преку
Bluetooth®, радиото автоматски се исклучува по 19 min.
Аудио изворот поврзан преку Bluetooth® може да се
управува и преку радиото:
– За да изберете наслов и да го стартувате,
притискајте го кратко копчето за пребарување
нанапред (9) одн. копчето за пребарување
наназад (10) додека не стигнете до саканиот наслов.
Репродукцијата на избраниот наслов автоматски
стартува.
– За да ја прекинете репродукцијата, притиснете го
копчето за исклучување на звукот (8). На екранот се
појавува приказот пауза (f).
– За да продолжите со репродукцијата, повторно
притиснете го копчето за исклучување на звукот (8),
променете ја гласноста преку копчето за вклучување/
исклучување (2) или притиснете го копчето за
пребарување нанапред (9) одн. копчето за
пребарување наназад (10).
1 609 92A 6F3 | (30.03.2021)
– За премотување напред одн. назад во рамки на
еден наслов држете го притиснато копчето за
пребарување нанапред (9) одн. копчето за
пребарување наназад (10) додека не стигнете до
саканото место во насловот.
Ако за време на работењето преку Bluetooth® се
притисне едно од копчињата за зачувување на
програмата (5), тогаш радиото менува на станицата
зачувана во последно користениот режим на работа на
радиото.
Репродукција со True Wireless Stereo (кај аудио извор
Bluetooth®)
Ако се репродуцира аудио извор преку Bluetooth®, може
да се активира функцијата True Wireless Stereo (TWS).
Притоа, 2 радија (или GPB 18V‑2 C или GPB 18V‑2 SC)
служат како десен и лев звучник за иста репродукција.
Активирање на функцијата True Wireless Stereo:
– Едно од двете радија мора да биде веќе поврзано
преку Bluetooth® со аудио изворот.
– Бирање на радиото како десен звучник: изберете во
менито <TWS> → <TWSR> (GPB 18V‑2 C)
одн. <TWS> → <TWS Right> (GPB 18V‑2 SC).
– Бирање на радиото како лев звучник: изберете во
менито <TWS> → <TWSL> (GPB 18V‑2 C)
одн. <TWS> → <TWS Left> (GPB 18V‑2 SC).
– Исто така, вклучете го и на 2-то радио режимот на
работа Bluetooth®.
– На 2-то радио, изберете го другиот звучник во менито.
– Управувајте со репродукцијата преку Bluetooth® како и
обично.
Менување на поставките на менито
За да стигнете до функцијата на менито, притискајте го
копчето за исклучување на звукот (8) (MENU) додека на
екранот не се појави приказот функција на мени (e).
Навигирајте во менито:
– Лизгајте преку менито: вртете го копчето Source (7).
– Изберете и зачувајте ја поставката на менито:
притиснете го копчето Source (7) (OK).
– Сменете во подмени: притиснете го копчето
Source (7).
– Сменете од подменито назад кон повисоко мени:
кратко притиснете го копчето за исклучување на
звукот (8). Кога ќе се достигне горното ниво на
менито, радиото се враќа во режимот на аудио.
За да излезете од функцијата на менито на кое било ниво
и да се вратите на режимот на аудио, притискајте го
копчето за исклучување на звукот (8) додека на екранот
не се изгаси приказот функција на мени (e).
Алтернативно, радиото автоматски менува на режимот на
аудио 10 s по последното притискање на копчето.
Ако поставките на менито повеќе не се зачувуваат при
исклучувањето на радиото, тогаш сменете ја копчестата
батерија (батерија за резервно напојување).
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gpb 18v-2 sc professional

Table des Matières