Télécharger Imprimer la page

Samsung NK36M3050PS/U1 Mode D'emploi page 51

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 17
Апаратот е дизајниран, тестиран и произведен според:
• Безбедност: EN/IEC 60335-1; EN/IEC 60335-2-31, EN/IEC 62233.
• Можности: EN/IEC 61591; ISO 5167-1; ISO 5167-3; ISO 5168; EN/IEC 60704-1;
EN/IEC 60704-2-13; EN/IEC 60704-3; ISO 3741; EN 50564; IEC 62301.
• EMC: EN 55014-1; CISPR 14-1; EN 55014-2; CISPR 14-2; EN/IEC 61000-3-2;
EN/IEC 61000-3-3.
Предлози за исправна употреба за да се намали влијанието врз животната
средина
Уклучете го поклопниот аспиратор на минимална брзина на почеток на готвењето
и оставете го да работи уште неколку минути по завршувањето на готвењето.
Зголемете ја брзината само во случај на голема количина на чад и пареа и
користете ја форсираната брзина во ретки ситуации. Заменете го филтерот (-
рите)на активен јаглен кога е потребно да се задржи ефикасноста на намалување
на мирис. Исчистете го филтерот за масти(-рите) кога е потребно да се задржи
неговата ефикасност. Користете максимален дијаметар на изводниот систем
прикажан во овој прирачник да се оптимизира ефикасноста и да се намали
бучавата.
Употреба
Аспираторот е осмислен за вшмукување на гасови и пареи од готвење и е
наменет ислкучиво за домашна употреба.
Аспираторот може да се користи во вид со надворешно исфрлање на издувниот
воздух или со филтер во вид со кружно струење на воздухот.
Варијанта со всмукување
Аспираторот има горен излез за воздух „B" за исфрлување на пареите во
надворешноста (не се доставени одводна цевка и каиши за фиксирање).
Внимание! Ако аспираторот е снабден со филтер на активен јаглен, истиот
треба да се отстрани.
Употребата на издувни цевки и отвори за издувување низ ѕид со помал дијаметар
ќе предизвика намалување на брзината на всмукување и драстично зголемување
на бучавата.
Поради тоа се одбива билкокава одговорност које е последица на тоа.
Варијанта со филтрирање
Во случај ако не е можно исфрлање на мирисите и пареите од готвењето кон
надворешноста, аспираторот може да се користи во варијанта со филтрирање
со монтирање на дефлекторот F на оџакот и еден или повеќе филтри на јаглен (во
зависност од моделот), мирисите и пареите во кујната се рециклираат низ
предната решетка H.
Внимание! Ако аспираторот не е снабден со филтер на јаглен, истиот треба
да се нарача и да се монтира пред користење.
Монтажа
Сл. 3
• Најмалото растојание помеѓу плочата од шпоретот за
садовите за готвење и долниот раб на аспираторот да
не биде помало од 50cm за електричните апарати за
готвење и 65cm за гасните или комбинираните
апарати за готвење.
Ако упатството за монтажа за плинските плочи од
шпоретот прецизираат поголемо растојание, морате
да се придржувате до тоа.
Приклучување на електрична енергија
Главното струјно напојување мора да одговара со
оптегот покажан на етикетата за карактеристиките
ставена внатре во аспираторот. Ако аспираторот оди
со приклучник поврзете го во штекерот во согласност
со струјните прописи и позициониран на пристапно
место дури и по монтажата. Ако не е снабден со
приклучник
(директна
напојување) или ако приклучникот не е лоциран на
пристапно место, дури и по монтажата, применете би-
поларен прекинувач во согласност со стандардите кој
обезбедува комплетно исклучување на електричното
напојување под услови поврзани со преоптоварување
на мрежата категорија III, во согласност со упатството
за монтажа.
50
врска
со
електричното
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Пред (повторно) поврзување
на колото од аспираторот со електричното напојување
и проверувањето на функционалноста, секогаш
проверете дали струјниот кабел е правилно монтиран.
Вградување
Пред да се почне со монтирањето:
Проверете дали купениот производ е со соодветни димензии за одбраниот
простор за монтирање.
Извадете го/ги филтерот/-те на активен јаглен ако се доставени (види го и
соодветниот параграф). Тој/тие се монтира/-ат само ако сака да се користи
аспираторот во варијанта со филтрирање.
Проверете дали во внатрешноста на аспираторот (поради транспортот) нема
материјал од опремата (на пример ќесиња со завртки и навртки, гаранции и
др.), ако има извадете го и зачувајте го.
Аспираторот оди заедно со парчиња за прицврстување пригодни за поголемиот
дел од ѕидови/тавани. И покрај тоа потребно е да побарате објаснување од
квалификуван техничар за да ви потврди за прикладноста на материјалите според
видот на ѕидот/таванот. Ѕидот/таванот треба да биде доволно цврст за да ја
издржи тежината на аспираторот.
Забелешка: Додатоците означени со симболот "(*)" се факултативен додатен
прибор кои се вклучени само во неколку модели, а ако не се вклучени во моделот
треба да се набават.
Одржување
Чистење
За чистењето ИСКЛУЧИВО користете крпа навлажнета со течни неутрални
детергенти.НЕ ЧИСТЕТЕ СО ПОМОШ НА АЛАТ ИЛИ ДРУГИ ИНСТРУМЕНТИ.
Не користите производи кои содржат абразиви. НЕ КОРИСТЕТЕ АЛКОХОЛ!
За сите дејства на одржување користете ракавици.
Филтер за масти
Сл. 1
За собирање на масните состојки од пареата од готвењето.
Металниот филтер за масти треба да се чисти еднаш месечно со неагресивни
детергенти, рачно или во машина за миење на садови на ниски температури и во
краток интервал.
Со перењето во машина за миење на садови металниот филтер за масти може да
ја изгуби малку бојата но неговите карактеристики за филтрирање воопшто не се
менуваат.
За да го извадите филтерот за масти повлечете го забецот за откопчување.
Филтер со активен јаглен (Само за Варијанта со филтрирање)
Бр. 2
За собирање на непријатните мириси од пареата од готвењето .
Заситувањето на филтерот од јаглен настапува по повеќе или помалку
продолжена употреба во зависност од типот на готвење и редовноста на
чистењето на филтерот за масти. Во секој случај потребно е да се замени чаурата
најмалку на секои 4 месеци.
НЕ може да се пере или обновува.
Извадете ги филтрите за масти.
Монтирајте ги филтрите така што да го покријат моторот.
Проверете да осовините R на проводникот одговараат со дупчињата S , вртете
за крај во правец на стрелките на часовникот се до блокирање.
За демонтирање постапувајте во обратен редослед.
Повторно монтирајте ги филтрите за масти.
Купување на јаглен филтер
Јаглениот филтер може да се купи на веб-страната на Сервис Службата или во
Сервис Центарот на Samsung. Посочете ги информациите кои се прикажани на
последната страница од овој прирачник.

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Nk24m3050ps/u1