Показно светло за преостанат капацитет на батерија (Сл. 6)
Притиснете го копчето на дисплејот за преостанат капацитет на батеријата за да се вклучат светлата и да го
прикажат преостанатиот капацитет на батериите. Показните светла се однесуваат на секоја батерија засебно.
ЗАБЕЛЕШКА:
• Прикажаното ниво на полнење може да е пониско од вистинското ниво за време на употребата или веднаш
по употребата на производот.
Како да го прочитате преостанатиот капацитет на батеријата
Показни светла (Батерија 1 или Батерија 2)
: Вклучено
• Во зависност од условите на употреба и темепературата во околината, преостанатиот капацитет на батеријата
може да не е точно прикажан.
Пример за преостанат капацитет на батерија (Батерија 1: 80%, Батерија 2: 10%)
Батерија 1
Заштитна функција на батеријата
Батериите имаат внатрешна заштитна функција која автоматски го исклучува напојувањето за да го продолжи
работниот век на батеријата. Кога ќе се појават следните состојби за време на употреба на производот, моторот
автоматски се исклучува, но тоа е поради заштитната функција на батеријата, односно не е поради дефект на
производот.
Кога температурата на батеријата ќе се покачи над одредено ниво, моторот автоматски престанува да работи и
останува така дури и кога ќе се вклучи од прекинувачот. Во вакви случаи, престанете да ги користите батериите,
односно извадете ги од BAP182 и оставете ги да се изладат или пак наполнете ги.
Кога капацитетот на батеријата ќе се намали, моторот на производот автоматски се исклучува. Доколку
производот не работи дури и со вклучени прекинувачи, извадате ги батериите од BAP182 и наполнете ги.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога производот автоматски ќе се исклучи без каква било индикација на BAP182
Кога производот ќе се преоптовари, излезот за напојување автоматски се исклучува за да го продолжи работниот
век на батеријата. Ова е резултат на заштитната функција, односно тоа не значи дека во апаратот има дефект.
Покрај тоа, во вакви случаи, BAP182 не покажува ништо, но тоа не значи дека апаратот е неисправен. Кога ќе
се случи ова, отпуштете го прекинувачот и отстранете ја причината за преоптоварувањето. Тогаш производот
може повторно да се користи со вклучен прекинувач.
54
All manuals and user guides at all-guides.com
Преостанато полнење или содржина на показни светла
: Исклучено
50% до 100%
20% до 50%
0% до 20%
Наполнете ја батеријата
Батерија 2