Electrolux ERF3300AOW Notice D'utilisation page 35

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles

Les langues disponibles

2.2 Поврзување со струја
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од пожар и струен
удар.
• Апаратот мора да биде заземјен.
• Проверете дали информацијата за
напојување со струја на плочката
со спецификации се совпаѓа со
напојувањето со струја. Доколку не
се совпаѓа, контактирајте со
електричар.
• Секогаш користете правилно
монтиран штекер отпорен на
струјни удари.
• Не користете адаптери со повеќе
приклучоци и продолжени кабли.
• Внимавајте да не ги оштетите
електричните компоненти (на пр.
приклучокот за струја, кабелот,
компресорот). Контактирајте со
Овластениот сервисен центар или
со електричар за да ги смени
електричните компоненти.
• Кабелот за струја мора да стои под
нивото на приклучокот.
• Поврзете го приклучокот за струја
со штекерот на крајот од
монтажата. Проверете дали
приклучокот за струја е пристапен
по монтирањето.
• Не повлекувајте го кабелот за
струја за да го исклучите апаратот.
Секогаш повлекувајте го
приклучокот.
2.3 Употребa
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Постои опасност од
повреда, изгореници,
струен удар или пожар.
• Не менувајте ги спецификациите на
овој апарат.
• Не ставајте електрични апарати (на
пр. уред за правење сладолед) во
апаратот освен ако тоа не е
наведено од страна на
производителот.
• Внимавајте да не гo оштетите
колото за ладење. Содржи
изобутан (R600a), природен гас со
високо ниво на компатибилност со
околината. Овој гас е запалив.
• Ако дојде до оштетување на колото
за ладење, проверете дали има
пламен и извор на оган во
просторијата. Проветрувајте ја
просторијата.
• Не дозволувајте жешките делови
да ги допираат пластичните делови
на апаратот.
• Не чувајте запалив гас и течност во
апаратот.
• Не ставајте запаливи производи
или предмети натопени со
запаливи средства во, блиску до,
или на апаратот.
• Не допирајте го компресорот или
кондензаторот. Тие се жешки.
2.4 Внатрешна светилка
• Светилката во овој апарат не е
соодветна за куќно осветлување
2.5 Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или
оштетување на апаратот.
• Пред одржувањето, исклучете го
апаратот и исклучете го кабелот од
штекерот за струја.
• Апаратот содржи јаглеводороди во
уредот за ладење. Само
квалификувано лице смее да го
одржува апаратот и повторно да ја
полни единицата.
• Редовно вршете проверка на
одводот на фрижидерот и ако е
потребно исчистете го. Ако одводот
е блокиран, ќе се собира одмрзната
вода на дното на апаратот.
2.6 Расходување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или
задушување.
• Исклучете го апаратот од
приклучокот за струја.
• Отсечете го кабелот за струја и
фрлете го.
• Извадете ја вратата за да спречите
затворање на деца и миленичиња
во апаратот.
МАКЕДОНСКИ
35

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières