396 | Македонски
Мерниот уред за време на мерењето не смее да се поместува. Доколку е
возможно, поставете го мерниот уред на цврста гранична или потпорна
површина.
Приемната леќа (20), излезот на ласерскиот зрак (21) и камерата (22) не
смеат да бидат покриени за време на мерењето.
Бирање на референтно ниво
За мерењето може да изберете три различни референтни нивоа:
заден раб на мерниот уред (на пр. при поставување на ѕидови)
врвот на преклопената гранична плоча за 180° (на пр. за мерења од агли)
преден раб на мерниот уред (на пр. при мерење, почнувајќи од еден раб на
маса)
средина на навојот на стативот (19) (на пр. при мерење со статив)
За дополнителни информации посетете го онлајн упатството за користење:
www.bosch-pt.com/manuals
Мени Основни поставки
Во менито Основни поставки може да ги најдете следниве основни поставки:
–
Bluetooth® вклучување/исклучување
–
Избирање на референтно ниво(види „Бирање на референтно ниво",
Страница 396)
–
Функција на тајмер
–
Вклучување/исклучување на постојан ласерски зрак
–
Калибрирање на мерењето косини (види „Проверка на точноста",
Страница 400)
–
Калибрирање на приказот на цели
–
Бришење на меморија (GLM 150-27 C)
1 609 92A 7CC | (11.02.2022)
Bosch Power Tools