Télécharger Imprimer la page

Совети При Работењето - Bosch LR Professional 1 Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour LR Professional 1:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 22
Македонски | 193
– опционално со сигнален тон (види „Сигнален тон за приказ на ласерскиот зрак",
Страница 193).
Ласерскиот приемник е поставен прениско: Доколку ласерскиот зрак поминува
низ горната половина на приемното поле (6), на екранот се појавува приказот за
правец „Ласерски зрак над средишната линија" (a).
Доколку сигналниот тон е вклучен, се слуша сигнал со бавен такт.
Движете го ласерскиот приемник во правец на стрелката нагоре. Со доближување
кон средишната линија ќе се прикаже само врвот на приказот за правец „Ласерски
зрак над средишната линија" (a).
Ласерскиот приемник е поставен превисоко: Доколку ласерскиот зрак поминува
низ долната половина на приемното поле (6), на екранот се појавува приказот за
правец „Ласерски зрак под средишната линија" (d).
Доколку сигналниот тон е вклучен, се слуша сигнал со забрзан такт.
Движете го ласерскиот приемник во правец на стрелката надолу. Со доближување
кон средишната линија ќе се прикаже само врвот на приказот за правец „Ласерски
зрак под средишната линија" (d).
Ласерскиот приемник е поставен во средина: доколку ласерскиот зрак поминува
низ полето за прием (6) на висина на средишната линија (5), на екранот светнува
приказот за средишна линија (f).
При вклучен сигнален тон се слуша непрекинат тон.
Сигнален тон за приказ на ласерскиот зрак
Позицијата на ласерскиот зрак на полето за прием (6) се прикажува со сигнален
тон.
Сигналниот тон може да го поставите во две различни јачини на звукот.
За вклучување одн. менување на сигналниот тон, притискајте на копчето Сигнален
тон (3), додека на екранот не се прикаже посакуваната јачина на звукот. При средна
јачина на звукот, приказот за сигнален тон (e) трепка на екранот, при повисока
јачина на звукот приказот за сигналниот тон непрекинато свети, при исклучен
сигнален тон - се гаси.
Совети при работењето
Израмнување со либела
Со помош на либелата (8) може вертикално да го порамните ласерскиот приемник.
Навалениот приемник води кон погрешно мерење.
Bosch Power Tools
1 609 92A 5S4 | (10.08.2020)

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Lr professional 1 g