OBJ_DOKU-26323-006.fm Page 113 Monday, October 13, 2014 11:51 AM
Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
електричен апарат од Bosch. Само на тој начин
батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
Останати напомени за безбедност и
работење
Правта од материјали како на пр. оловни бои, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде
штетна по здравјето и да доведе до алергиски
реакции, заболувања на дишните патишта и/или
рак. Материјалите што содржат азбест може да бидат
обработувани само од страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, прекинувачот
за правец на вртење ставете го во средна позиција.
При невнимателно ракување со прекинувачот за
вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја
наполните целосно батеријата, пред првата
употреба ставете ја на полнач додека не се наполни
целосно.
Прочитајте го упатството за употреба на полначот.
Електричниот апарат ставете го на шрафот само
доколку е исклучен. Доколку апаратот е вклучен и се
врти, тој може да се преврти и падне.
Активирајте го прекинувачот за менување брзини
само кога електричниот апарат е во мирување.
Прекинувачот за менување брзини притиснете го до
крај, односно прекинувачот за избор на начин на
работа свртете го до крај. Доколку прекинувачот за
избор на брзини не може да се вметне до крај,
притиснете го кратко прекинувачот за
вклучување/исклучување. Инаку електричниот
апарат може да се оштети.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Bosch Power Tools
Ознаки
Следните ознаки се важни за читање и разбирање на
упатството за употреба. Запаметете ги ознаките и нивното
значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви
помага подобро и побезбедно да го користите
електричниот апарат.
Ознака
Значење
GSR 1440-LI/GSR 1800-LI:
Батериска дупчалка-одвртувач
Сиво означено поле: рачка
(изолирана дршка)
Број на дел/артикл
Прочитајте ги сите напомени и
упатства за безбедност
Пред било каква интервенција на
електричниот апарат извадете ја
батеријата
Носете заштита за слухот.
Правец на движење
Правец на реакција
Дупчење и одвртување
Мал број на вртежи
Голем број на вртежи
Вклучување
Исклучување
Тек десно/лево
U
Номинален напон
n
1
Вртежи во празен од (1. брзина)
0
n
2
Вртежи во празен од (2. брзина)
0
Македонски | 113
1 609 92A 0WP | (13.10.14)