ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Секачот за цевки
Цевка-ø мин/макс ...................................................................
Волтажа на батеријата .........................................................
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2003 ........................
Информации за бучавата / вибрации
Измерените вредности се одредени согласно стандардот
EN 60 745.
Типично очекуванo ниво на звучен притисок на алатот е:
Ниво на звучен притисок. (K = 3 dB(A))..............................
Нивото на звук кога работи може да надмине 80 dB (A).
Носте штитник за уши.
Вкупни вибрациски вредности (векторски збир на трите
насоки) пресметани согласно EN 60745.
Вибрациска емисиона вредност a
...................................
h
Несигурност К =...................................................................
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Нивото на осцилација наведено во овие инструкции е измерено во согласност со мерните постапки нормирани во EN
60745 и може да биде употребено за меѓусебна споредба на електро-алати. Ова ниво може да се употреби и за
привремена проценка на оптоварувањето на осцилацијата.
Наведеното ниво на осцилација ги репрезентира главните намени на електро-алатот. Но, доколку електро-алатот се
употребува за други намени, со отстапувачки додатоци или со несоодветно одржување, нивото на осцилација може да
отстапи. Тоа може значително да го зголеми оптоварувањето на осцилацијата за време на целиот работен период.
За прецизна проценка на оптоварувањето на осцилацијата предвид треба да бидат земени и времињата, во коишто
апаратот е исклучен или работи, но фактички не се употребува. Тоа може значително да го намали оптоварувањето на
осцилацијата за време на целиот работен период.
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за заштита на операторот од влијанието на осцилациите, како на пример:
одржување на електро-алатот и на додатоци кон електро-алатот, одржување топли раце, организација на работните
процеси.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите
безбедносни упатства и инструкции. Заборавање на
почитувањето на безбедносните упатства и инструкции
можат да предизвикаат електричен удар, пожар и/или
тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и
инструкции за во иднина.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Носете штитник за уши. Изложеноста на бука може да
предизвика губење на слухот.
Секогаш носете ракавици кога ја користите машината.
Исто така препорачливо е да се носат очила, цврсти
чевли кои не се лизгаат и престилка.
Чувајте ги рацете и лабавата облека настрана од алати
за сечење и други подвижни делови.
За да се намали ризикот од експлозии, електричар удар
и материјални штети, никогаш не сечете водови на гас,
електрични водови или водови полни со вода. Пред
сечење испразнете ги водовите со вода.
Отстранете ја батеријата пред да започнете да ја
користите машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот
отпад и не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги
собираат старите батерии, со што ја штитат нашата
околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети
(ризик од краток спој).
Користете исклучиво Систем C 12 за полнење на
батерии од C 12 систем. Не користете батерии од друг
систем.
Киселината од оштетените батериите може да истече
при екстремен напон или температури. Доколку дојдете
во контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и
вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво
најмалку 10минути и задолжително одете на лекар.
66
МАКЕДОНСКИ
C 12 PPC
....................12 / 50 mm
...........................12 V
..........................1,9 kg
........................< 70 dB (A)
.......................< 2,5 m/s
2
..........................1,5 m/s
2
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Секачот за цевки е погоден за сечење цевки од пластика
(PEX).
Не го користете овој производ на било кој друг начин
освен пропишаниот за нормална употреба.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Ние во целосна одговорност изјавуваме дека овој
производ е во сообразност со следните стандарди и
стандардизирани документи.
EN 60745-1:2009 + A11:2010
EN 55014-1:2006 + A1:2009 + A2:2011
EN 55014-2:1997 + A1:2001 + A2:2008
EN 61000-3-2:2006 + A1:2009 + A2:2009
EN 61000-3-3:2008
и е во согласност со прописите
2011/65/EU (RoHs)
2006/42/EC
2004/108/EC.
Winnenden, 2012-07-30
Rainer Kumpf
Director Product Development
Ополномоштен за составување на техничката
документација.
БАТЕРИИ
Нови комплети батерии постигнуваат целосен капацитет
по 4-5 циклуса на полнење и празнење. Подолг период
неупотребувани комплети батерии да се наполнат пред
употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат
траењето на батериите. Избегнувајте подолго
изложување на батериите на високи температури или
сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век, по употреба батериите мора
да бидат целосно наполнети.
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
При преоптеретување на батеријата како резултат на
мошне висока потрошувачка на струја, на пример
екстремно високи вртежни моменти, ненадејно
стопирање или краток спој, електро-алатот вибрира 5
секунди, приказот за полнење трепка и електро-алатот
самостојно се исклучува.
За повторно вклучување ослободете го притискачот на
прекинувачот, а потоа повторно вклучете.
Во случај на екстремни оптоварувања батеријата се
загрева премногу. Во таков случај трепкаат сите
ламбички од приказот за полнење сè додека батеријата
не се излади. По гаснење на приказот за полнење може
да се продолжи со работа.
РАБОТНИ УПАТСТВА
Цевката може да се скрши или распарчи. Постојано
внимавајте на тоа и започнете го сечењето бавно.
Пластичните цевки се кршливи при ниски температури.
Ладните пластични цевки полесно се кршат или
расцепуваат. Не сечете пластични цевки на температура
пониска од 10° C.
Кратки или тенки делови од пластични цевки можат да
се скршат при сечење. Ако цевката не може да се држи
сигурно, тогаш таа е кратка за сечење.
Сечете бавно и на крајот од цевката за да избегнете
свиени засеци.
Еден краток „клик" на почетокот од сечењето е
вообичаен - ножот легнува во транспортниот механизам.
Коси сечења не се можни. Тие го уништуваат ножот.
Секогаш сечете ги цевките под прав агол.
Исчистете ја цевката пред сечењето. Тоа го зголемува
времето за оперативна употреба на ножот.
Тапи или оштетени ножеви мора да бидат заменети.
ОДРЖУВАЊЕ
Ножто е тап кога:
ќе се појави крцкав звук
цевката се крши при сечење на собна температура
сечивото на ножот е округло, искористено од удари или
уништено
Рачно активирање: за отворање или затворање на ножот
при празна батерија или кога батеријата е отстранета.
Не е наменето за отворање на ножот по прекинато
сечење или кога ножот е заглавен.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани
треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги
сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја
листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален
приказ на алатот. Ве молиме наведете го бројот на
артиклот како и типот на машина кој е отпечатен на
етикетата и порачајте ја скицата кај локалниот застапник
или директно кај: Milwaukee Electric Tool,
Max-Eyth-Straße 10, D-71364 Winnenden, Germany.
СИМБОЛИ
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
Извадете го батерискиот склоп пред
отпочнување на каков и да е зафат врз
машината.
Не ги фрлајте електричните апарати заедно
со другиот домашен отпад! Европска
регулатива 2002/96/EC за одлагање на
електична и електронска опрема и се
применува согласно националните закони.
Елекричните апарати кои го достигнале
крајот на својот животен век мора да бидат
одвоено собрани и вратени во соодветна
рециклажна установа.
Чувајте ги рацете настрана од алатот за
сечење и други подвижни делови. Прстите
можат да влезат во механизмот за сечење и
да бидат исечени или повреден.
затворање на ножот
Отворете го алатот за сечење.
МАКЕДОНСКИ
67