Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат
согласно EN 60335-2-69.
Нивото на звучниот притисок на всисувачот, оценето со
A, типично изнесува 70 dB(A). Несигурност K = 3 dB.
Нивото на звучниот притисок при работењето може да
надмине 80 dB(A).
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a
три насоки) и несигурност K дадени се во согласност со
2
EN 60335-2-69: a
< 2,5 m/s
, K = 1,5 m/s
h
Монтажа
Пред било каква интервенција на всисувачот,
u
извлечете го струјниот приклучок од
приклучницата.
Монтирање на држач за цревото за всисување
(види слика A)
– Вметнете го држачот (4) за цревото за всисување
цврсто од горе во предвидените прифати за тоа (30),
додека не се вклопи.
Монтирање на црево за всисување (види
слика B)
– Поставете го цревото за всисување (21) на прифатот
за црево (2) и свртете го во насока на стрелките на
часовникот до крај.
Напомена: При всисувањето, поради триењето на правта
во цревото и опремата за всисување настанува
електростатичко полнење, што корисникот го чувствува
во форма на статичко празнење (во зависност од
влијанијата на околината и телесната чувствителност).
Во основа, Bosch препорачува антистатичко црево за
всисување (опрема) при всисување на ситна прав и суви
материјали.
Монтирање на опремата за всисување
Цревото за всисување (21) и SFC+ модул (20) се
опремени со клип систем, и може да се приклучат со
опремата за всисување (адаптер за всисување (19),
свиткана млазница (22)).
Монтирање на адаптер за всисување (види слика C)
– Ставете го SFC+ модулот (20) на цревото за
всисување (21), додека двете копчиња на притискање
(31) на цревото за всисување не се вклопат.
– Потоа ставете го адаптерот за всисување (19) на SFC+
модулот (20), додека не слушнете да се вклопат двете
копчиња за всисување (31) на SFC+ модулот.
– За демонтирање, притиснете на двете копчиња на
притискање (31) навнатре и извлечете ги деловите
еден од друг.
Bosch Power Tools
Монтирање на млазниците и цевките (види слика D)
– Ставете ја свитканата млазница (22) на цревото за
всисување (21), додека не слушнете да се вклопат
двете копчиња на притискање (31) на цревото за
всисување.
– Потоа прицврстете ја саканата опрема за всисување
(подна млазница, млазница за фуги, цевка за
всисување итн.) на заоблената млазница (22).
– За демонтирање, притиснете на двете копчиња на
(векторски збир на
h
притискање (31) навнатре и извлечете ги деловите
еден од друг.
2
.
Ставање/вадење на вреќичката за отпад или
ќесата за прав (всисување на суви материи)
(види слики E1–E2)
За всисување на суви материи можете да користите
вреќичка за отпад (23) или ќеса за прав (опрема) во
садот (1). Со тоа се олеснува складирањето на правта.
Напомена: Доколку користите хартиена филтер
вреќичка мора, а при користење на платнена филтер
вреќичка треба да го исклучите полуавтоматското
чистење на филтерот (SFC+) (види „Полуавтоматско
чистење на филтерот (види слика I)", Страница 179).
Вметнување на вреќичката за отпад
– Отворете ги затворачите (9) и извадете го горниот дел
на всисувачот (8).
– Ставете ја вреќичката за отпад (23) со отворот за
полнење нанапред во садот (1).
– Навлечете го отворот за полнење на приклучната
прирабница до крај.
– Проверете дали вреќичката за отпад (23) целосно
лежи на внатрешните ѕидови на садот (1).
– Наместете го остатокот од вреќичката за отпад (23)
над површината на садот (1).
– Вметнете го горниот дел на всисувачот (8) и затворете
ги затворачите (9).
Извадете ја вреќичката за отпад и затворете
– Отворете ги затворачите (9) и извадете го горниот дел
на всисувачот (8).
– Извлечете ја полната вреќичка за отпад (23) од
приклучната прирабница наназад.
– Внимателно извадете ја вреќичката за отпад (23) од
садот (1) без да ја оштетите.
Внимавајте на тоа, вреќичката за отпад да не стрчи на
приклучната прирабница или на другите остри
предмети.
– Извлечете го поклопецот со лепливи ленти и залепете
ја вреќичката за отпад.
Потоа прикачете ја вреќичката за отпад (23) под
отворот за полнење со извадениот поклопец со
лепливи ленти.
Менување/вметнување на ќесата за прав (опрема)
– Отворете ги затворачите (9) и извадете го горниот дел
на всисувачот (8).
Македонски | 177
1 609 92A 4LX | (16.11.2018)