Bosch GDS 18 E Professional Notice Originale page 108

Masquer les pouces Voir aussi pour GDS 18 E Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 13
OBJ_DOKU-32064-002.fm Page 108 Tuesday, April 29, 2014 1:15 PM
108 | Македонски
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch GmbH, Postfach 10 01 56,
70764 Leinfelden-Echterdingen, Germany
Henk Becker
Helmut Heinzelmann
Executive Vice President
Head of Product Certification
Engineering
PT/ETM9
Robert Bosch GmbH, Power Tools Division
D-70764 Leinfelden-Echterdingen
Leinfelden, 20.04.2014
Монтажа
Замена на алатот
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 При ставањето на алатот за вметнување, внимавајте
на тоа тој да лежи цврсто во прифатот за алат.
Доколку алатот за вметнување не е цврсто поврзан со
прифатот на алат, може да се олабави и да се случи да
не може да се контролира.
– Поставете го алатот за вметнување 1 на четириаголниот
прифат за алат 2.
Употреба
Функционалност
Прифатот за алат 2 и алатот што се вметнува се ставаат во
погон со електромотор со помош на погон и ударен
механизам.
Работната постапка се дели на две фази:
Зашрафување и Прицврстување (ударен механизам во
акција).
Ударниот механизам се активира, штом се затегне спојот
на шрафовите и така се оптоварува моторот. Притоа
ударниот механизам ја претвора силата на моторот во
еднакви удари со вртење. При олабавување на шрафови и
мутери, оваа постапка тече по обратен редослед.
Не е возможно преоптоварување на моторот, бидејќи
ударниот механизам ја отпушта спојката при
постигнување на номиналниот товар.
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 волти исто така може да се користат и на
220 волти.
1 609 92A 0MM | (29.4.14)
Поставете го правецот на вртење (види слика A)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење 7
може да го промените правецот на вртење на
електричниот апарат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување 5 е притиснат ова не е
возможно.
– Тек на десно:
Притиснете го прекинувачот за правец на
вртење 7 надесно до крај.
– Тек на лево:
Притиснете го прекинувачот за правец на
вртење 7 налево до крај.
Вклучување/исклучување
– За ставање во употреба притиснете го прекинувачот
за вклучување/исклучување 5 и држете го притиснат.
– За Исклучување отпуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 5.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен апарат
може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа
колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување 5.
Со нежно притискање на прекинувачот за
вклучување/исклучување 5 се постигнуваат мал број на
вртежи. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на вртежи.
Бирање на бројот на вртежи
Со копчето за подесување на бројот на вртежи 6 може да
го изберете потребниот број на вртежи и за време на
користењето на апаратот.
Совети при работењето
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 Електричниот апарат ставете го на мутерот/шрафот
само доколку е исклучен. Доколку апаратот е вклучен
и се врти, тој може да се преврти и падне.
Вртежниот момент зависи од времетраењето на ударот.
Максималниот постигнат вртежен момент е резултат од
сумата на сите поединечни вртежни моменти постигнати
со удари. Максималниот вртежен момент се постигнува по
времетраење на удар од 3–5 секунди. По овој период,
затезниот вртежен момент се зголемува минимално.
Притоа осетно се загрева куќиштето на погонот.
Напомена: Последиците од прекумерно загревање се
висока изабеност на сите делови на ударниот механизам и
потреба од голема количина на средство за подмачување.
Времетраењето на ударот треба да се одреди за секој
потребен затезен вртежен момент. Постигнатиот затезен
вртежен момент, треба постојано да се проверува со
вртежен момент клуч.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

3 601 d44 0 série

Table des Matières