Electrolux EFL10565OX Manuel D'utilisation page 154

Table des Matières

Publicité

154
www.electrolux.com
5. КОНТРОЛИ
• На аспираторот има копчиња
за регулирање на брзината на
вшмукување. Се препорачува да
го активирате аспираторот неколку
минути пред да почнете да го
користите шпоретот и да го оставите
да работи околу петнаесет минути по
завршување на готвењето за да се
отстранат сите мириси.
• Во случај на големи промени
на температурата, аспираторот
автоматски ќе се активира
благодарение на сензорот со кој е
опремен и ќе остане во функција
сè додека забележително не се
намали температурата околу самиот
аспиратор.
• Командната табла на аспираторот се
наоѓа на предната страна од апаратот.
1
1 Копче за вклучување/исклучување
Со притискање на ова копче
аспираторот се става во 1-ва брзина.
Аспираторот ќе се исклучи во случај
ако се притисне копчето за време на
работа.
2 Брзина на моторот
Со притискање на ова копче,
аспираторот преминува од исклучена
позиција во 1-ва брзина.
Со повеќепати притискање на ова
копче (додека работи аспираторот) се
менува брзината на моторот:
1-ва брзина: на екранот се појавува
"1".
2-ра брзина: на екранот се појавува
"2".
3-та брзина: на екранот се појавува
"3".
Интензивна брзина: на екранот
засветува "4".
Интензивната брзина има тајмер.
Стандардното времетраење на
2
5
тајмерот е 5 минути, по нивното
завршување аспираторот преминува
во 2-ра брзина.
За да се деактивира оваа функција
пред крајот на предодреденото
времетраење, притиснете го копчето
"2" така што аспираторот ќе премина
во 1-ва брзина. Потоа со притискање
на копчето "1", аспираторот ќе се
исклучи.
3 Вклучување / исклучување на
светлото
4 Копче за вклучување / исклучување
на сензорот
5 Екран
Тајмер
За активирање на тајмерот на брзината,
притиснете го копчето "2" околу 2
секунди.
По определеното време според
избраната брзина, аспираторот се
исклучува.
Тајмерот функционира на следниот
начин:
• 1-ва брзина:
20 минути (на екранот се појавуваат
"1" и една точка што свети).
3
4
• 2-ра брзина:
15 минути (на екранот се појавуваат
"2" и една точка што свети).
• 3-та брзина: екран
10 минути (на екранот се појавуваат
"3" и една точка што свети).
• Интензивна брзина 5 минути
(на екранот се појавуваат "4" и една
точка што свети).
За време на функционирањето на
аспираторот со тајмер ако се притисне
копчето "1" се исклучува аспираторот, а
ако се притисне копчето "2" аспираторот
преминува во програмираната брзина а
ако се притисне копчето "4" аспираторот
преминува во режимот Сензор.

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières