Télécharger Imprimer la page

Dremel 2050 STYLO+ Traduction De La Notice Originale page 147

Masquer les pouces Voir aussi pour 2050 STYLO+:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 18
Брзина . . . . . . . . . . . . . . . . . .22,000/min
Капацитет на главата
за стегање ∅ . . . . . . . . . . . .0,8-3,2 mm
Капацитет на чаурата
за стегање ∅ . . . . . . . . . . . . 3.2 mm
Макс. прибор ∅ . . . . . . . . . .38.1 mm
Тежина . . . . . . . . . . . . . . . . .0,1 kg
Користете потполно одмотани и сигурни
продолжени кабли со капацитет од 5 ампера.
Секогаш проверете дали напонот е ист како напонот
што е наведен на плочката од алатот.
ОПШТО
A. Копче за вклучување/исклучување
B. Копче за поставување на брзината
C. Отвори за вентилирање
D. Копче за заклучување на осовината
E. Глава за стегање Dremel
F. Навртка на стезната чаура
G. Чаура за стегање (3.2 mm)
H. Клуч
I.
DC-приклучок
J. DC-гнездо
K. Адаптер за напојување
ПРИБОР
СЕКОГАШ ОТКАЧУВАЈТЕ ГО АЛАТОТ ОД
НАПОЈУВАЊЕТО ПРЕД ДА МЕНУВАТЕ ДОДАТОЦИ
Користете само Dremel алат кој е тестиран и кој е
високо продуктивен.
Не заборавајте да ги прочитате упатствата
добиени со додатоците Dremel, за дополнителни
информации за нивното користење.
Внимателно ракувајте и чувајте ги додатоците за да
избегнете поткршување и напукнување.
МЕНУВАЊЕ НА ПРИБОРОТ
1. Притиснете го копчето за блокирање на осовината
и вртете ја осовината со рака додека копчето не
ја блокира осовината. Да не се забравува оската
додека алатот работи.
2. Со забравена оска, олабавете ја (но не вадете ја)
навртката на чаурата за стегање. Ако е потребно,
употребете клуч за стезната чаура.
3. Целосно ставете ја бургијата или вретеното од
приборот во стезната чаура.
4. Со забравена оска, затегнете ја навртката на
чаурата за стегање.
ГЛАВА ЗА СТЕГАЊЕ DREMEL
Главата за стегање Dremel ви овозможува брзо и лесно
да ги менувате додатоците на алатите Dremel без да ги
менувате чаурите за стегање.
Користи прибор со осовина од 0,8 – 3,2 mm.
За да ја разлабавите, притиснете го копчето за
забравување на оската и вртете ја оската со рака
додека копчето не ја забрави оската. Да не се
забравува оската додека алатот работи.
Кога оската е забравена, користете клуч за да ја
разлабавите главата за стегање и да ги отворите
стегите.
Извадете го приборот од стезната глава. Доколку е
потребно, продолжете да ја разлабавувате стезната
глава за новиот прибор да влезе во стегите. Ставете го
новиот додаток во главата за стегање доволно длабоко
така што да има околу 6 mm помеѓу крајот на главата
6
7
за стегање и почетокот на работниот дел на додатокот.
Со забравена оска, затегнете ја главата за стегање со
помош на клуч за да го прицврстите додатокот.
СОВЕТИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СТЕЗНАТА ГЛАВА
DREMEL
Стезната глава „Dremel" и стезната чаура и
системот на завртки за стезната чаура се заменливи
делови на овој алат. Стезната глава ќе ви помогне
лесно да ги менувате приборите, а стезната чаура
и завртката за стезната чаура ќе ви овозможат
прецизно држење на место на приборот, особено
во случај кога има големо странично оптоварување
на алатот.
Доколку забележите дека додатокот пролизгува во
главата за стегање, со помош приложениот клуч
затегнете ја главата за стегање околу додатокот.
Доколку и понатаму доаѓа до лизгање, обидете се
со стезната чаура и завртката за стезната чаура.
Стегите на главата за стегање може да се изместат
поради што додатокот веќе не се врти правилно и
концентрично (фрла).
За повторно да ги наместите стегите, следете ги
следните чекори:
1. Извадете го приборот од стезната глава.
2. Исчистете ја главата за стегање.
3. Притиснете на копчето за заклучување на
осовината и затегнувајте ја стезната глава сè
додека стегите не се рашират, приближно 3 mm.
4. Цврсто притиснете го крајот на главата за стегање
на тврда рамна површина за да се осигурите дека
сите стегите се поставени аксијално
5. Продолжете рачно да ја затегате стезната глава сè
додека стегите не се затворат целосно.
6. Разлабавете ја стезната глава и повторно ставете го
приборот сосема право.
7. Рачно вртете го алатот и внимавајте дали има
некакво фрлање. Доколку очигледно има некакво
изместување, повторете ја постапката.
8. Со забравена оска, затегнете ја главата за
стегање со помош на клуч за да го прицврстите
додатокот.
9. Завртете го алатот на најмала брзина и проверете
дали има некакво изместување. Доколку очигледно
има некакво изместување, проверете дали приборот
е поставен право, па повторете ја постапката.
ПРИБОР ЗА БАЛАНСИРАЊЕ
За прецизно работење, важно е целиот прибор да биде
во добра рамнотежа (исто како кај пневматиците на
Вашиот автомобил). За нагодување или балансирање
на додатокот, малку олабавете ја главата за стегање
или навртката на чаурата за стегање и завртете го
додатокот или чаурата за стегање за 1/4 круг. Повторно
стегнете ја главата за стегање или навртката на
чаурата за стегање и вклучете го вртливиот алат. Врз
основа на звукот и осетот, треба да сте во состојба да
кажете дали Вашиот прибор работи избалансирано.
Продолжете со ваквото дотерување сè додека не го
постигнете најдобриот баланс.
ПОЧЕТОК
Првиот чекор во користењето на мултифункцоналниот
алат е да го „почувствувате" в рака. Земете го в рака и
проценете ја неговата тежина и баланс. Почувствувајте
го конусот на куќиштето. Овој облик овозможува алатот
да го држите како пенкало или молив.
ВАЖНО! Првин вежбајте на некој отпадок од материјалот
за да видите како работи алатот при големи брзини.
147
8
КОРИСТЕЊЕ
.

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

2050-15 stylo+2050-10 stylo+Lite7760-10