Gluey_innen_160992A3XZ_001.indd 169
Gluey_innen_160992A3XZ_001.indd 169
Секогаш заменувајте ги сите батерии истовремено.
Користете само батерии од еден производител и со ист
капацитет.
Доколку не го користите пиштолот за лепење
подолго време, извадете ги батериите од него.
Доколку подолго време се складирани, батериите
може да кородираат и да се испразнат.
Употреба
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
За вклучување на пиштолот за лепење држете го
притиснато копчето за вклучување-исклучување (8),
додека светлечкиот прстен не започне да трепка (6).
За време на загревањето светлечкиот прстен (6) трепка
бавно. Ако постојано свети, тогаш пиштолот за лепење е
подготвен за работа.
За исклучување на пиштолот за лепење држете го
притиснато копчето за вклучување-исклучување (8)
додека светлечкиот прстен не се изгаси.
Напомена: Пиштолот за лепење автоматски се исклучува
по неколку минути, за да заштеди енергија.
По употребата, одложете го исклучениот пиштол за
лепење и оставете го да се олади целосно, пред да
го складирате. Жешката млазница може да
предизвика штети.
Совети при работењето
Заштитете ги лицата и животните од врелата смеса
за лепење и врвот на млазницата. Смесата за лепење
и врвот на млазницата стануваат жешки до 150 °C,
постои опасност од изгореници. Доколку со врелата
смеса за лепење ја допрете кожата, држете го
допреното место неколку минути под ладен млаз вода.
Не се обидувајте да ја отстраните жешката смеса за
лепење од кожата.
Користете само смеса за лепење што е препорачана од
производителот на пиштолот за лепење.
Користете само патрони за лепење со ниска температура
(110–150 °C температура на топење). Не користете
патрони за лепење, кои се наменети за повисоки
температури на лепење (170–200 °C).
Лепливиот спој може да се разложи под влијание на влага.
Подготовка за лепење
Местата на лепење мора да бидат чисти, суви и без
маснотии.
Материјалите што се лепат како и подлогата на која се
работи, не смеат да бидат лесно запаливи.
Проверете ја претходно отпорноста на топлина на
материјалите, на едно парче за проба.
Околната температура и деловите што се лепат не смеат
да бидат со температура пониска од +5 °C и повисока од
+50 °C.
Материјалите кои брзо ја ладат смесата за лепење треба
претходно да се загреат со пиштол на топол воздух.
Bosch Power Tools
Македонски | 169
1 609 92A 3XZ | (9.3.18)
09.03.2018 12:52:27
09.03.2018 12:52:27