Македонски
Вовед
Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips! За да ја искористите целосната поддршка
што ја нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/welcome.
Важно
Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да го користите апаратот и зачувајте ги
за во иднина.
Опасност
-
Никогаш не потопувајте го моторот во вода или некоја друга течност и не плакнете го под
чешма. За чистење на моторот користете само влажна крпа.
Предупредување
-
Немојте да го користите апаратот ако приклучокот, кабелот за напојување или некој друг дел е
оштетен или има видливи пукнатини.
-
Исклучете го апаратот од штекер кога не го користите.
-
Пред да го приклучите апаратот на електричната мрежа, проверете дали напонот наведен на
долната страна на апаратот одговара на напонот на локалната електрична мрежа.
-
Пред да го вметнете приклучокот во ѕидниот штекер, проверете дали уредот е правилно
склопен.
-
Во случај на оштетување, кабелот за напојување мора да го замени компанијата Philips, нејзин
сервисер или други лица со слични квалификации за да се избегне опасност.
-
Овој апарат не смеат да го користат деца. Апаратот и кабелот чувајте ги подалеку од дофат на
деца.
-
Апаратите може да ги користат лица со ограничени физички, сензорни или ментални
способности или лица со недостаток на искуство и знаење, под услов да се под надзор или да
добиле упатства за безбедно користење на апаратот и да ги разбираат можните опасности.
-
Децата не смеат да си играат со апаратот.
-
За да избегнете опасност поради случајно ресетирање на заштитата од прегревање, овој
апарат не смеете да го приклучувате на надворешен уред за прекинување на струјно коло,
како што е прекинувачот со тајмерска контрола, или на струјно коло кое програмирано се
вклучува и исклучува.
-
Немојте да ставате тешки предмети врз апаратот.
-
Немојте да го преместувате апаратот додека работи.
-
Немојте да го перете апаратот во машина за садови.
-
При склопувањето не заборавајте да ги затегнете завртките на предната табла.
-
Проверете дали апаратот е приклучен во штекер при склопувањето.
-
Бавно сипувајте ја течноста низ отворот за вода кога апаратот ќе започне со мешање.
-
Во апаратот за тестенини немојте да ставате состојки чија температура е 60°C/140°F
или повисока, а апаратот немојте да го ставате во опкружувања со висока температура
(60°C/140°F), на пример стерилизација со висока температура. Тоа ќе го оштети апаратот.
-
Никогаш немојте да сипувате вода во комората за мешање пред да го поставите капакот на
комората.
-
Немојте да сипувате течности во отворот на безбедносниот прекинувач.
-
Немојте да ја избирате програмата што опфаќа само обликување пред да заврши мешањето
на тестото. Во спротивно, тоа ќе го оштети апаратот за тестенини.
-
За чистење на апаратот немојте да користите жица, јаки средства за чистење или средства за
чистење како што се бензин, алкохол и пропанол.
-
Чистете го апаратот по секоја употреба за да овозможите негово правилно работење.
-
Немојте да вметнувате предмети во апаратот.
-
Бидете особено внимателни кога го чистите апаратот за да не се исечете на острите рабови.
37