користете го во прашлива, влажна или нечиста
околина или во близина на магнетно поле.
•
Приклучокот за напојување се користи како уред за
исклучување. За опрема што се приклучува,
штекерот треба да биде лесно пристапен.
Користете одобрени адаптери за напојување и
полначи.
•
Исклучете ги полначот од штекерот и од уредот
кога не го користите.
•
Не користете го, не складирајте го и не
пренесувајте го уредот на места каде што се
складираат запаливи материјали или експлозиви
(на бензинска пумпа, склад за нафта или хемиски
погон, на пример). Користењето на уредот во таква
средина го зголемува ризикот од експлозија или
пожар.
•
Чувајте ја батеријата подалеку од оган и не
расклопувајте ја, не изменувајте ја, не фрлајте ја и
не гмечете ја. Не ставајте туѓи тела во неа, не
потопувајте ја во вода или други течности и не
изложувајте ја на надворешна сила или притисок
бидејќи тоа може да предизвика истекување,
прегревање и запалување на батеријата, па дури и
пожар.
•
Фрлете ги уредот, батеријата и додатоците според
локалните прописи. Не треба да се фрлаат во
нормалниот отпад од домаќинствата.
Неправилното користење на батериите може да
предизвика пожар, експлозија или други опасности.
•
Овој уред содржи вградена батерија. Не обидувајте
се да ја замените батеријата сами. Во спротивно,
уредот може да не работи правилно или може да
се оштети батеријата. За ваша безбедност и за да
се обезбеди правилна работа на уредот, се
препорачува да контактирате со овластен сервисен
центар на Huawei за да ја изврши замената.
•
Уверете се дека адаптерот за напојување ги
исполнува барањата од IEC/EN 62368-1 и дека е
тестиран и одобрен според националните или
локалните стандарди.
•
Вашиот уред ги исполнува барањата пропишани во
IP68 (IEC 60529).
•
Портата за USB од тип C може да обезбеди
напојување од 5 V DC/1 A на останатата опрема.
194