Télécharger Imprimer la page

Skil 3151 Notice Originale page 110

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 12
играат со алатот)
• Не ги оставајте
децата без надзор
за време на
чистењето или
одржувањето на
алатот
• Немојте да работите со уредот
во средина во која има опасност
од експлозија, во која има
запалливи течности, гасови и
прашина. Електричните алати
произведуваат искри кои можат да
запалат прашина или пареа.
• Чувајте го уредот подалеку
од дожд и влага. Продирањето
на вода во електричниот уред ја
зголемува опасноста од струен
удар.
• Чувајте ја машината во затворен
простор на суво и затворено место
и подалеку од дофат на деца
• Не користете го алатот/полначот
ако е оштетен, однесете го во
еден од регистрираните сервисни
центри на SKIL за да го проверат
• Електричниот алат сервисирајте
го кај квалификувано лице
кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се
обезбедува безбедно одржување
на електричниот алат.
• Обезбедете добра вентилација на
работната просторија
АКУМУЛАТОРСКА БАТЕРИЈА
• Испорачаната батерија е
делумно наполнета (за да се
обезбеди целосен капацитет на
батеријата, целосно наполнете
ја батеријата во полначот на
батеријата пред да го употребите
вашиот електричен алат за првпат)
• Полнете го акумулаторот само
во апаратите за полнење кои
се пропишани од страна на
производителот. За апаратот
за полнење кој е соодветен за
определен вид на акумулатори,
постои опасност од пожар,
доколку се употребува со други
акумулатори.
• Користете ги електричните
алати само со специфично
назначени пакувања на батерии.
Користењето на друг вид на
батерии може да доведе до ризик
од повреда или пожар.
• Користете ги исклучиво
следниве батерии и полначи со
овој алат
- Батерија SKIL: BR1*31****
- Полнач SKIL: CR1*31****
• Кога батериите не се користат,
држете ги настрана од метални
предмети како штрафчиња,
парички, клучеви, клинци,
навртки или други, мали
предмети кои може да направат
краток спој. Краткиот спој кај
батериите може да предизвика
изгореници или пожар.
• При погрешна примена може да
излезе течност од акумулаторот;
избегнувајте контакт со неа.
При случаен контакт, измијте
се со вода. Ако течноста дојде
во допир со очите, побарајте и
лекарска помош дополнително.
Течноста која може да излезе од
акумулаторот може да доведе
до надразнување на кожата и
изгореници.
• Не употребувајте комплет со
батерии или алат кој е оштетен
или изменет. Оштетени или
изменети батерии може да
реагираат непредвидливо и да
предизвикаат пожар, експлозија
или опасност од повреда.
• Не го изложувајте комплетот
со батерии или алатот на
оган или висока температура.
Изложувањето на оган или
температура над 130°C може да
предизвика експлозија.
• Следете ги сите инструкции
за полнење и не го полнете
комплетот со батерии или алатот
надвор од температурниот
опсег наведен во инструкциите.
Неправилното полнење или на
температура надвор од наведениот
опсег може да ја оштети батеријата
и да ја зголеми опасноста од пожар.
110

Publicité

loading