Télécharger Imprimer la page

LG GBB92MCB2P Manuel D'utilisation page 310

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 179
Fridge
Притискајте го ова копче постојано за да изберете температура меѓу 1 °C и 7 °C.
• Стандардната температура на фрижидерот е 3 °C.
Express Cool
Оваа функција може брзо да излади голема количина на храна, како што е зеленчук, овошје и друго.
• Оваа функција се вклучува и се исклучува секој пат кога ќе го држите копчето 3 секунди.
Freezer
Притискајте го ова копче постојано за да изберете температура меѓу -15 °C и -23 °C.
• Стандардната температура на замрзнувачот е -18 °C.
Express Freeze
Со оваа функција може да се замрзне брзо голема количина мраз или замрзната храна.
• Притиснете го копчето Express Freeze за да се активира функцијата во траење од 24 часа.
Функцијата автоматски се исклучува по 24 часа.
• Оваа функција се вклучува и се исклучува секој пат кога ќе го држите копчето 3 секунди.
• Кога е вклучен овој режим, може да се зголеми бучавата и потрошувачката на енергија.
Vacation
Оваа функција е корисна кога сте на одмор. Кога е вклучена функцијава, температурата на
фрижидерот е 7 °C, а на замрзнувачот -15 °C. Кога е исклучена функцијава, температурата на
фрижидерот и замрзнувачот се враќа на претходните поставки.
• Оваа функција се вклучува и се исклучува секој пат кога ќе го притиснете копчето.
• Кога е вклучен овој режим, не работат другите копчиња освен Lock и Wi-Fi.
• Eco Friendly е преименувана во Vacation.
ВНИМАНИЕ
• Кога функцијава е вклучена, внимавајте во однос на складирањето храна за која е потребна
пониска температура од стандардната.
• Кога ќе се вратите дома, запомнете да ја исклучите функцијава за да се отклучат другите копчиња
и вратете го фрижидерот на претходните поставки за температура.
*1
Wi-Fi
Ова копче овозможува поврзување на уредот со домашна Wi-Fi мрежа. Погледнете ги SMART
FUNCTIONS за информации околу првичното поставување на апликацијата LG ThinQ.
*1
Lock
Ги заклучува копчињата на контролната табла.
• За да ги заклучите копчињата на контролната табла, притиснете го и држете го копчето Lock
3 секунди додека функцијата не се активира.
• За да ја исклучите функцијата, притиснете го и држете го копчето Lock 3 секунди додека
функцијата не се деактивира.
НАПОМЕНА
• За оптимално чување на храната, се препорачува зголемување или намалување на стандардната
температура за секоја преграда за 1 °C или едно ниво.
• Прикажаната температура е целната температура, а не актуелната температура во апаратот.
• Актуелната температура во апаратот зависи од следните фактори: собната температура,
количината на храна и колку често се отвораат вратите, локацијата на апаратот. Поставувајте
температура земајќи ги предвид овие фактори.
• Контролната табла ќе се исклучи автоматски за заштеда на енергија.
• Ако дојде до контакт меѓу прст или кожа со контролната табла додека ја чистите, може да се
активира функцијата на допреното копче.
17
MK

Publicité

loading