Поставување температура
Ја поставува температурата на фрижидерот
или замрзнувачот.
• Притиснете го копчето Fridge или Freezer
за да ја регулирате температурата.
• Температурата може да се подесува.
− Фрижидер: oд 1 °C дo 7 °C
− Замрзнувач: oд -15 °C дo -23 °C
• Почетната температура е подесена.
− Фрижидер: 3 °C
− Замрзнувач: -18 °C
Реалната внатрешна температура варира во
зависност од статусот на храната, бидејќи
наведеното подесување за температура е
целната температура, а не реалната
температура во апаратот.
НАПОМЕНА
• Фабричкото подесување на температурата
може да се разликува зависно од уредот.
• Почекајте 2 до 3 часа по приклучувањето
на апаратот во струја пред да ставите
храна во него.
• За да правите мраз во нормална клима,
температурата на замрзнувачот треба да
се постави на -18 °C или поладно.
Подесување на експресно
замрзнување
Со функцијата може да се замрзне брзо
голема количина мраз или замрзната храна.
• Кога ќе го притиснете и држите копчето
Express Freeze три секунди, иконата
Express Freeze светнува на контролната
табла.
• Функцијата се вклучува и се исклучува
секој пат кога ќе го притиснете копчето.
• Функцијата за експресно замрзнување
автоматски завршува откако ќе помине
даден период.
НАПОМЕНА
• Кога е вклучена опцијата Express Freeze,
може да дојде до зголемување на нивото
на бучава и потрошувачката на енергија.
18
Подесување на експресно
ладење
Со помош на оваа функција, брзо можете да
изладите голема количина на храна, како
што е зеленчук, овошје и друго.
• Кога ќе го притиснете и држите копчето
Express Cool три секунди, иконата
Express Cool ќе светне на контролната
табла.
• Функцијата се вклучува и се исклучува
секој пат кога ќе го притиснете копчето.
• Функцијата за експресно ладење
автоматски завршува откако ќе помине
даден период.
НАПОМЕНА
• Кога е вклучена опцијата Express Cool
може да дојде до зголемување на нивото
на бучава и потрошувачката на енергија.
Подесување на еколошката
опција
• Со помош на оваа опција, фрижидерот и
замрзнувачот ќе работат во режим на
заштеда на електрична енергија, кој е
многу корисен во случај да одите на одмор
поради намалената потрошувачка на
струја.
• Притиснете на копчето Eco Friendly за да
ја вклучите функцијата, по што ќе се
вклучи светилката, а ќе се исклучи со уште
едно притискање на копчето.
• Кога е вклучен режимот за еколошко
работење, останатите копчиња нема да
функционираат. Кога веќе нема да ви треба
овој режим, исклучете го, по што
фрижидерот ќе се врати на претходните
поставки на температурата.
Подесување и ресетирање на
бравата
Ги заклучува копчињата на контролната
табла.
• Притиснете и задржете го копчето Lock 3
секунди. Кога функцијата за заклучување е
подесена, сите копчиња се заклучени.
НАПОМЕНА
• За да пристапите до другите функции,
треба да ја деактивирате Функцијата за
заклучување.
MK