• Не го користете уредот за време на грмотевици за да го
заштитите од секаква штета предизвикана од гром.
• Идеални температури за работа се 0 °C до 35 °C. Идеални
температури за чување се -20 °C до +60 °C. Екстремна
топлина или студ може да го оштети уредот или
дополнителната опрема.
• Чувајте го уредот и дополнителната опрема во добро
проветрена и студена просторија без директна изложеност на
сонце. Не го виткајте или покривајте уредот со крпи или
други предмети. Не го поставувајте уредот во предмети што
задржуваат топлина, како на пример, кутија или кеса.
• Не го изложувајте уредот на директна сончева светлина (како
на пример, на контролна табла на автомобил) подолг
временски период.
• За да го заштитите уредот или дополнителната опрема од
опасност од пожар или електрични шокови, избегнувајте
дожд и влага.
• Чувајте го уредот подалеку од извори на топлина и оган, како
што се греалка, микробранова печка, шпорет, бојлер,
радијатор или свеќа.
• Направете пауза во користењето на уредот или апликациите
доколку уредот се прегрее. Доколку кожата е изложена на
прегреан уред подолг временски период, може да се јават
симптоми на изгореници, како што се црвени точки или
потемна пигментација.
• Не ја допирајте антената на уредот. Во спротивно, може да се
намали квалитетот на врските.
• Не дозволувајте деца или домашни миленици да го гризат
или шмукаат уредот или дополнителната опрема. Тоа може
да предизвика штета или експлозија.
• Почитувајте ги локалните закони и прописи, како и
приватноста и законските права на другите.
Безбедност на децата
• Почитувајте ги сите мерки за претпазливост што се
однесуваат на безбедноста на децата. Децата не смеат да си
играат со уредот или дополнителната опрема бидејќи тоа
може да биде опасно. Уредот содржи ситни делови што може
да се одвојат и да предизвикаат опасност од задушување. Да
се чува подалеку од дофат на деца.
• Уредот и дополнителната опрема не се наменети за деца.
Секое користење на уредот од страна на деца треба да биде
под надзор на возрасно лице.
Дополнителна опрема
• Користењето на неодобрен или некомпатибилен адаптер за
напојување, полнач или батерија може да предизвика пожар,
експлозија или друга опасност.
336