ВАЖНО: ПРОЧИТАЈТЕ ГИ ВНИМАТЕЛНО СЛЕДНИВЕ
MK
УПАТСТВА И ЗАЧУВАЈТЕ ГО ЗА ИДНИ НАВРАЌАЊА.
УПАТСТВО ЗА МЕНЛИВА ДЕТСКА МАСИЧКА
НА OKBABY, БР. 839
ВНИМАНИЕ!!!
НИКОГАШ НЕ ОСТАВАЈТЕ ГО ДЕТЕТО БЕЗ НАДЗОР
КОНФОРМИРАЈТЕ СО EN 12221-1:2008+A1:2013
ТИП 1
МАКСИМАЛНА ТЕЖИНА НА ДЕТЕ 11 КГ
МАКСИМАЛНА ВОЗРАСТ НА ДЕТЕТО 12 МЕСЕЦИ
FLAT е масичка што може да се адаптира за разни начини на употреба: на стабилна маса, на
креветче или врз када за капење.
Димензии на затворен производ: 66,2 цм x 84,6 цм x 18,3 цм
УПОТРЕБА НА FLAT НА МАСА ИЛИ РАМНА ПОВРШИНА:
(Димензии на површината за потпора – 67 цм x 85 цм).
1. Затворете ги ногарките на Flat обезбедувајќи истите да се блокираат со страничниот
граничник од долната страна во зоната на менување (сл. 1).
2. Поставете го FLAT на рамна и стабилна површина (сл. 2).
3. Проверете дали сите ногарки против пролизгување (сл. 3) се потпираат врз
површината за потпора за да обезбедите максимална стабилност.
ВАЖНА ЗАБЕЛЕШКА:
•
FLAT не смее да се поставува на сите видови маси. Не користете го на подвижни,
расклатени површини, на маси со една ногарка, на маси за играње или на камперски
маси.
•
Не ставајте чаршав или други работи врз потпорната површина што може да ја
попречат правилната функција на елементите против пролизгување. Одржувајте ги
структурата и површината на масата чисти и суви.
•
Не преместувајте го FLAT кога детето е во него.
УПОТРЕБА НА FLAT ВРЗ КАДА ЗА КАПЕЊЕ.
(минимални димензии на внатрешноста на кадата – 56 цм, максимална 74 цм).
1. Отворете ги ногарките на FLAT ослободувајќи ги од страничниот граничник од
долната страна во зоната за менување (сл. 4).
2. Отворете ги до крај ногарките на FLAT, проверувајќи дека црвените куки се закачени
докрај на своите места на страниците на менливата масичка (5).
3. Ставете ги потпорите на секоја ногарка на Flat во минималната позиција (сл. 11).
4. Ставете го FLAT на страниците на кадата за капење (сл. 6).
5. Регулирајте ги потпорите на ногарките на високо ниво за да ги сместите гумените
лепенки против пролизгување врз ѕидовите на кадата и запците врз страниците на
кадата (сл. 7).
6. За да ги затворите ногарките на FLAT, притиснете ги странично секоја од црвените
куки (сл. 5) со што ќе ги притиснете ногарките на масичката навнатре кон страничните
куки за да ги поставите во внатрешната зона на промена (сл. 1).
ВАЖНА ЗАБЕЛЕШКА:
•
Проверете дали внатрешните димензии на кадата се најмалку 56 цм, како што е
посочено на сл. 15.
•
Секогаш проверувајте ја правилната фиксираност врз кадата за капење и правилната
регулација на деловите за фиксирање пред да го сместите детето на масичката.
•
Поставете го FLAT врз кадата за капење на тој начин што децата ќе немаат дофат до
чешмата.
64.Flat
•
Во случај кога кадата за капење не се потпрени од ниедна страна, поставете го FLAT
во централна позиција во однос на страните на кадата (сл. 13).
•
Не дозволувајте друго дете да влегува во кадата за капење додека е поставена
масичката.
•
Не преместувајте го FLAT кога детето е во него.
УПОТРЕБА НА FLAT ВРЗ ИВИЦИТЕ НА КРЕВЕТЧЕТО.
(максимална надворешна димензија меѓу две ивици: од 63 цм до 73,5 цм).
1. Затворете ги ногарките на Flat обезбедувајќи истите да се блокираат со страничниот
граничник од долната страна во зоната на менување (сл. 1).
2. Поставете го FLAT врз креветчето (сл. 8) внимавајќи запците да се наместат врз
ивиците на креветчето (сл. 14).
3. FLAT смее да се фиксира на ивиците на креветчето со трите ремени со лепенки што
се приложени во пакувањето, еден за задната страна и два за редната страна на
масичката.
4. Вметнете ги ремените во соодветните места долж основата на масичката (сл. 9),
притоа поминувајќи ја под ивицата на креветчето и фиксирајќи ја со лепенките (сл.
10). Повторете ја операцијата за останатите две точки на врзување.
ВАЖНА ЗАБЕЛЕШКА:
•
Пред да продолжите со користење на производот врз домашно креветче проверете
дали е добро поставено врз двете ивици и е добро фиксирано со трите доставени
ремени. Потоа проверете ја стабилноста на FLAT пред да го ставите детето.
•
Дадените ремени треба да се користат само во случај на поставување на производот
врз домашно креветче и потоа веднаш се отстрануваат за да се избегне секој вид
опасност од заплеткување или препнување.
•
Во случај кога ивиците на креветчето се подвижни, проверете дали истите се секогаш
совршено блокирани пред да го поставите FLAT.
•
Не преместувајте го FLAT кога детето е во него.
ПРЕДУПРЕДУВАЊА:
•
Имајте го предвид ризикот од отворен оган или други извори на интензивна топлина,
како од електрични грејни тела, плин, итн, во близина на масичката.
•
FLAT е проектиран за деца со максимална тежина до 11 кг.
•
Не користете го FLAT ако некој дел е расипан или недостасува.
•
За листење на FL AT, употребувајте мека ткаенина и неу тра лен детергент. Не
користете абразивни производи, растворувачи или производи на база на амонијак.
•
Секој дополнителен или резервен дел мора да се набави кај производителот или
застапникот.
Flat.65